Порталот Мактел ги објави имињата на судиите кои ја преиначија одлуката за притвор и го пуштија во куќен притвор осомничениот началник на 5-та управа на ДБК, Горан Грујовски.
Според Мактел, се работи за судиите Ивица Стефановски, Сандра Крстиќ и Јани Нича.
„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на одбраната на осомничениот Г.Г. против решението на Судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), за определување мерка притвор на осомничениот, денеска одржа седница на која донесе одлука со која го преиначи решението на Судијата на претходна постапка и мерката притвор за осомничениот ја замени со мерка куќен притвор, а по правосилноста на оваа одлука за која странките имаат право на жалба до повисокиот суд.
Во однос на прашањата од повеќе медиуми за останатите предлози за обезбедување присуство, поднесени од Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО ), ве информираме дека до Судија на претходна постапка досега се доставени предлози за определување мерки за обезбедување присутво, за кои судијата испрати покани до странките во текот на наредната недела да се јават во судот за да се произнесат во врска со предлозите, по што ќе донесе одлука за која ќе ја информираме јавноста“, стои во соопштението од судот.