Специјалната обвинителка не била вундеркинд, немала „десетки“ во индексот. Како босоного дете не била многу вешта во берењето домати во гевгелиските ниви. Не била генијалка од типот на Груевски, на Ѓорчев, Миленко, Димовски, на кичевската бебиситерка, кои дробењето салата од зборови, на недугави им го продоваат како филозофска мудрост.
Image may be NSFW.
Clik here to view.
Марко Цепенко немал завршено колеџ, ниту докторирано заедно со Латас кај Бојо, ама тој прилепски мудрец Цепенко се издигна до национален гениј, а овие останаа цепеници. Ниту Константин и Димитар Миладинови немаа докторати со печат на некој од приватните наши бројлерски фарми, наречени факултети, но меѓу две корици го ставија безмалку целокупното македонско народно песнопојно богатство и останаа за сите времиња од нашето колективно паметење како незгасливи ѕвезди на македонскиот културен небесвод.
Интелекти со недозавршени студии ги поставија темелите на првиот македонски Универзитет. Но имаа високи национални цели и научни дострели. Слепци во јајцето бараат влакна. Песја раззабена глутница се обидува по секоја цена да го сквернави угледот и авторитетот на специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Н
о, таа не е сама. Зад неа е целиот правдољубив свет.Таа има тим кој не е под диригенската палка на режимските подопашни обвинители. Криминалците, како што гледате, освен порокот да крадат, знаеле и да лајат.
Бошко Нацевски
фејсбук статус