Првите откритија на “Документот Панама” за светскиот оф шор систем
Внатре се шефови, спортисти, милијардери: првите откритија на “Документот Панама” за светскиот офшор систем, објавува “Ле Монд”, како и други медиуми во светот. Францускиот весник “Монд” и уште 106 изданија во 76 земји, обединети во “Меѓународниот конзорциум на истражители новинари”, добиле пристап до голем невидена досега информативна база која фрла открива светлина врз нетранспарениот свет на светските офшор финансии и даночните засолништа.
(…)
Се откриваат офшор сметки на 140 политичари и јавни личности. Меѓу нив се претседателот на Украина Петро Порошенко, децата на претседателот на Азербејџан, како и премиерите на Исланд и Пакистан и кралот на Саудиска Арабија Салман. “Документот Панама” открива дека освен илјадниците анонимни вмешани, фигурираат и многу шефови, милијардери, големи имиња во спортот, познати личности или личности опфатени на меѓународните санкции, кои користеле оф-шор систем за да ги прикријат своите средства.
Ова е најголемото истекување на податоци во историјата на новинарството. Тоа е и најспектакуларните пробив некогаш во темниот свет на префрлани финансии.
“Монд”, заедно со Мeѓдународниот конзорциум за истражувачко новинарство во Вашингтон и германскиот весник “Зидојче цајтунг” (Süddeutsche Zeitung), кои добиле информативна база имаат пристап до 11,5 милиони документи, кои откриваат скриени во темните финансиски засолништа имоти на светски политички лидери, криминални мрежи, фудбалски ѕвезди или милијардери. Меѓу нив фигурираат како блиски на рускиот претседател Владимир Путин или исландскиот премиер Сигмундур Давид Гунлагсон, така и многу други имиња на шефови на држави и политички лица. Таму се и аргентинскиот фудбалер Лео Меси, така и поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е меѓу многубројни лица на кои се разгледува случајот во текот на целата измината недела. Овие тајни документи, сосема свежи, достигнуваат до крајот на 2015 година. 1500 пати повеќе од “Викиликс”
(…)
“Документот Панама” нуди мапирање, речиси во реално време, на целиот дел на светските финансии, досега скриен од странски погледи. Целата оваа информација ќе остане во тајност без интервенција на анонимен извор, кој започна во почетокот на 2015 година да пренесува за овој “златен рудник” на новинарите од “Зидојче цајтунг”.
(…)
Сиви, црни и валкани пари Сите офшор компании од “Панамскиот документ ” не се нелегални или непроѕирни, некои имаат вистинска економска активност или се специјално дизајнирани за да се олеснат меѓународните инвестиции. Но поголемиот дел од нив се користат како фирми екрани, за да се сокријат средствата преку употребата на псевдоними. На овој начин во “Мосак Фонсека” чисти пари има до валканите пари, како “сивите” (од затајување на данок), “црните” (од корупцијата и организираниот криминал), како големите богатства и фудбалските ѕвезди се крај криминалните мрежи и корумпираните претседатели, премиеори и државни глави. По многомесечна работа во тоа вонредна големо истрага МКРЖ и неговите партнери успеаја да утврдат дека со офшор компании се вмешани 12 шефови на држави и влади, (вклучувајќи шест активни), 128 високи политичари и високи функционери од првенците во целиот свет, како и 29 членови на светската ранг-листа на 500-те најбогати луѓе на “Форбс”. Најмногу “чувствителните” клиенти, оние кои сакаат да скријат и направат своите средства непроследени се чувани од три или четири компании лоцирани една по друга, создадени по четирите страни на планетата, кои се кријат една во друга како руски кукли матрошки за да усложнат работата на даночните и судските власти, кои често не успеваат да ги пронајдат .
Превод: Локално
текстот во целост прочитајте го тука