Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17648

(ВИДЕО) Иванов реши: Стоп за Титаник, Тортура, Тврдина, но и Пуч и Поткуп! Општа аболиција

$
0
0

Претседателот Ѓорге Иванов поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за, како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза.

Според тоа Иванов прогласи аболиција за сите обвинети и осомничени во постапките кои што се водат во случаите „Пуч“ и „Поткуп“ и во сите други случаи покренати од страна на Специјалното јавно обвинителство, а поврзани со прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.

Иванов рече дека е подготвен да ги поднесе сите критики кои по оваа одлука би стигнале на негова адреса, но убеден дека донел исправна одлука.

Најверојатно со ова претседателот Иванов им овозможува на повеќето функционери од владеачката партија, за кои СЈО отвори истражни постапки, да можат да се најдат на пратеничките листи на изборите кои ги планира Груевски на 5-ти јуни.

Видео – А1он


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17648

Latest Images

Trending Articles