Прес конференција на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Република Македонија
Денеска ќе обелоденам што е причината за нервозата, конструкциите, измислиците на власта на Никола Груевски преку неговата медиумска пропаганда
Веќе неколку недели интензивно работам на начинот на којшто се издавале лични карти од страна на Министерството за внатрешни работи.
За да проверам како функционирал системот, побарав по случаен избор да се провери како им биле издадени лични карти на околу 20 лица.
Станува збор за луѓе за кои во јавноста беа отворени сомнежи за нивнот живеалиште и како се нашле на Избирачкиот список.
Еве ги фрапантните податоци што ги потврдуваат сомнежите.
Од вкупно 22-те лица за кои истраживме:
-1 лице воопшто не поседува лична карта. Еве, постои во Избирачкиот список, што значи гласа!
-На сите останати над 20 лица, од страна на служби во МВР им биле издадени лични карти иако немале документ каде живеат, односно немале решение за живеалиште.
Решението за живеалиште е клучниот документ без којшто не смее да биде издадена лична карта.
Еве како треба да изгледа комплетната документацијата за издавање лична карта.
Ниеден од 22-те лица нема ниту еден од овие документи!
Нивните лични карти, со коишто имале право да гласаат, се издадени целосно незаконски.
Да повторам, и овие лица без лична карта, и овие без решение за живеалиште, постојат во Избирачкиот список.
Еве, сите се во Избирачкиот список!
Ова што го сооштив денеска, потврдува дека се правени злоупотреби со лични карти и дека се брутално злоупотребени индентитети на граѓани.
Само институции на државата ги имаат личните податоци на граѓаните.
Ова потврдува, дека МВРО на Никола Груевски, на чело со Гордана Јанкулоска издавало и печатело незаконски лични карти, со што незаконски овозможиле лица кои немале право на глас, да гласаат.
Ете од ова се плашеа Груевски и неговите соработници.
Сите овие документи ќе ги доставам до Специјалното јавното обвинителство.