Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Иванов: Стојам позади одлуката за помилување, не ја повлекувам

$
0
0

Претседателот Ѓорге Иванов на прес конференцијата објави дека стои позади одлуката за помилување на политичарите и не ја повлекува. Тој ги повика сите кои биле незадоволни од одлуката да се обрателе кај него и потоа со правни експерти ќе се разгледувале можностите.

ivanov-kireto[1]

– И по сите реакции како и тогаш, така и сега цврсто сум убеден дека ваквата одлука ќе помогне за надминување на политичката криза и намалување на тензиите меѓу политичките противници. Свесен сум за одговорноста која ја презедов и внимателно ги проследив и анализирав сите реакции. Сметам дека одлуката го штити исклучиво државниот интерес и информирам дека останува на истата – рече Иванов.

-Повторувам, секој оној кој смета дека сум му одземал право, сторил лоша услуга или својата невиност сака да ја докаже на суд, го повикувам лично во писмена форма да поднесе барање за поништуавње на одлуката која се однесува на него, дециден е Иванов.

Тој рече дека паритиите и нивните поддржувачи ги користеле институциите за пресметка.

– Судовите се под притисок при постапувањето по предметите, безбедносните институции се парализирани со нарушен систем на команда и висок е ризикот да не можат да одговорат на заканите со кои се соочуваме. СЈО има потреба од време за квалитетни вршење на истраги. Барам претсавниците на меѓународната заедница кои се вклучени во процесот да помогнат сите страни целосно да си ги исполнат преземените обврски од договорот од Пржино, додека потписниците на договорат да ги спроведат преземените обврски и да овозможат слободни, фер, демократски и кредибилни избори – посочи Иванов

– Ги повикувам претставниците на меѓународната заедница да внимаваат на своите постапки зошто можат да бидат погрешно разбрани – рече Иванов.

Изрази задовослство и за распишувањето на изборите.

– Од распишувањето на изборите почнува ново поглавлје од развојот на државата – рече Иванов.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Trending Articles