Откако не успеаа да протестираат пред Собранието каде ги дочека полициска барикада илјадниците граѓани против одлукта на Иванов продолжија преку плоштадот и Камениот мост со намера да стигнат пред Владата, но на крајот на мостот кај плоштадот Филип Втори ги дочека нова полициска барикада. Потоа, од плоштадот, преку Максим Горки демонстрантите се упатија кон Владата и пристигнаа таму. Сепак, и таму, на раскрсницата кај мостот Гоце Делчев ги дочека нова полициска барикада.
Сепак, после половина час, полицијата ги тргна барикадите и дозволи пристап на реките народ да протестираат пред Владата.
Демонстрантите пристигнаа пред Влада, извикуваат „Готово е Никола“ #протестирам pic.twitter.com/UPIch9ISQL
— META.mk (@meta_agency) April 15, 2016
Видео – Мета/Твитер