Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 18017

МЕГАГАЛЕРИЈА: 9-ти ден Македонија на протести против аболицијата на криминалот

$
0
0

9-ти ден од протестите низ Македонија против скандалозната аболиција на претседателот, односно неговиот противуставен обид да спаси 56 лица од судски процеси за криминал, корупција и изборни малверзации. граѓаните од Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Кочани, Кавадарци повторново голем број покажаа дека инсистираат на одожување на изборите, оставка на претседателот Иванов и задолжително уечство во сите процеси на одлучување и решавање на политичката криза.
Погледнете ја хронологијата на денешните протест низ Македонија.


ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА: Започна протестот пред СЈО. Толпата постојано се зголемува (18:33)

Голема група граѓани се собра пред зградата на СЈО да изразат поддршка за работата на ова обвинителство, да побараат повлекување на скандалозната аболиција, оставка од претседателот Иванов, одлижување на изборите. Секој миг толпата се зголмува. Граѓаните скандираат „Поддршка за СЈО“, „Нема правда,нема мир“…


 

 

(ВИДЕО) Прилепчани излегоа на протест (18:53)

Граѓански протест и низ улиците на Прилеп. Граѓаните бараат оставка од претседателот, повлекување на неговата одлука за аболиција, итна седница на собранието и повлекување на одлуката за избори на 5-ти јуни.

13076674_10208509671271825_8956473106120028455_n13051536_10208509671111821_5166559503201674852_n12991055_10208509670751812_8905271999081505387_n13001033_10208509670791813_6688151426441015551_n


 

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Толпата се упати кон Собранието (19:03)

Толпата граѓани од СЈО се упатија кон Собранието. „Вооружени“ со свирчиња и тапани, ги повикуваат и другите да им се придружат, скандираат „Дојдете со нас“, „Нема првада, нема мир“, „Оставка Никола“:

CggDOy9WwAA9q21


 

ГАЛЕРИЈА: Велешани излегоа на протест (19:06)

И граѓаните на Велес излегоа во центарот на градот. Протестираат против одлуката на Иванов за сеопшта аболиција и за одложување на изборите.

13015176_10209481292331932_280270120976635968_n1509972_10209481291491911_7449494244102077415_n13076630_10209481291851920_5481975510286389954_n

12990856_10209481937948072_7211921785490391117_n13012814_10209481938188078_6644916527159076840_n13006489_10209481938988098_6663131271937515375_n13076527_10209481939308106_4312456904714355855_n


 

ГАЛЕРИЈА: И денеска илјадници протестираат пред Собранието (19:28)

И денеска илјадници граѓани пред Собранието протестираат, и со свирежи и скандирање бараат повлекување на одлуката за сеопшта аболиција, оставка од претседателот, одложување на изборите.
граѓаните свират и извикуваат „Нема правда, нема мир“ „Мафија на робија“, „Оставка“…. Граѓаните повторно пред Собраниет ги прочитаа свите барања

CggHP5JXIAAfw0v

CggJbxRW4AAl_SFCggJP7EWwAEcrkbCggJAGCW8AAQW3nCggG_crWEAABfiW


 

ГАЛЕРИЈА: „Мафија на робија“ порачаа и струмичани (19:37)

Неколку илјади струмичани во центарот на градот порачаа дека ќе протестираат се додека Иванов не ја повеќе скандалозната одлука и додека собранието не ги одложи изборите.

12994396_10209532272531989_4612358748254776033_n13015111_10209532266811846_6996959013827741372_n13015368_10209532266091828_807384194307848688_n


 

ФОТО: „Шарената револуција“ го стигна и Промотеј (19:41)

„Шарената револуција“, како што се наречени и граѓанските протести го стигнаа Прометеј граѓаните кои протестираат на плоштадот, со „мала уметничка интервенција“ со бои и јајца, го направија дел од атмосферата.


 

ГАЛЕРИЈА: Граѓаните пристигнаа пред Владата, скандираат „Нема да ви простиме“ (20:18)

Од Собранието, преку плоштадот Македонија оилјадници граѓани својот револт од актуалната власт, скандалозната аблиција и изборите ја изнесоа пред Владата. Свиреа и скандираа „Оставка“ „Нема да ви простиме“, „Нема правда, нема мир“…

CggVE2RUsAAH__lCggVBp8WIAEk3orCggQmSlWIAAF33gCggTQdVUYAEKxm_

Од Владата демонстрантите се упатија кон Градскиот парк.


 

ФОТО: И Битола протестира (20:24)

Неколку илјади битолчани и вечерва бараат оставка од градоналалникот Талески, од претседалот Иванов, инсистираат на учество на граѓаните во решаање на кризата и повлекување на одлуките за аболиција и избои на 5-ти јуни.

CggV8UbXEAAoDnb (1)


 

ФОТО: Протестот продолжи кон Градскиот парк (20:29)

Од Влададата демонстрантите се упатија кон градскиот парк.

CggVjbTWQAE2lnJ


 

ФОТО: „Нема правда, нема мир“ порачаа и во Кавадарци (20:33)

Денеска и граѓаните на Кавадарци излегоа на протести против скандалозната аболиција и изборите на 5-ти јуни.


 

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Пеејќи „Градот убав пак ќе никне“ граѓаните ги „освежија“ и бараките на Коце (20:38)

Демонстрантите пеејќи ја „Градот убав пак ќе никне“ шарено ги офарбаа и бараките на Град Скопје во градскиот парк.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 18017

Trending Articles