Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, пред да го образложи обвинението за новата истрага „Т.Н.Т.“ отворена за незаконското рушење на објектот Космос истакна дека се јавуваат лица кои се обидуваат да вршат притисоци и се закануваат врз вработени во СЈО и нивните семејства.
-Првадата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законот. Тоа е наша цврста определба. Пред законите сите граѓани на Македонија се еднакви- истакна Фетаи.