Низ хронологијата подолу погледнете како изгледаше вечерашниот 10-ти ден од Шарената револуција, со протести во Скопје и други градови.
18:23 ВИДЕО: Охриѓани во голем број се собираат за вечерашниот протест
Од видеото во продолжение погледнете каква е ситуацијата во 18 часот кај Чинарот во Охрид каде граѓаните се собираат за вториот по ред протест против одлуката на Иванов за аболиција.
#протестирам#п#охридpic.twitter.com/hfPnogkzu0
— Martin Ko (@martinko40) April 22, 2016
18:35 ГАЛЕРИЈА: Започнува новиот протест пред СЈО, се повеќе граѓани доаѓаат
Во овие моменти пред СЈО се повеќе граѓани се собираат и доаѓаат за новиот протест на 11-от ден од Шарената револуција.
Фото – Твитер
18:39 ГАЛЕРИЈА: Охриѓани на протест по чаршија – „Сендвич по сендвич, диктатура!“
Охриѓани го започнаа протестот од 18 часот кај Чинарот, па продолжија по чаршијата кон плоштадот.
#протестирам #Охрид pic.twitter.com/lcCiMN6cZU
— Martin Ko (@martinko40) April 22, 2016
Фото – Твитер
19:03 ГАЛЕРИЈА: Протестирам маршира кон новата барокна зграда на АВМУ
Во овие моменти протестот на граѓаните против одлуката на Иванов се движи од СЈО кон Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно новата барокна зграда кај Бристол за која беше исечен парк.
Фото – Твитер
19:07 ВИДЕО: Реки од народ на протестот во Охрид
Реки. #протестирам #Охрид pic.twitter.com/teoxtxfvTk
— Martin Ko (@martinko40) April 22, 2016
19:12 ГАЛЕРИЈА: Модата на #протестирам и #ШаренаРеволуција
Шарени маички и делови од облеката се дел од модата на протестите кои овие денови се одвиваат на улиците на Скопје и многу други градови, како дел од Шарената револуција. На протестите е забележливо учество на многу млади.
Во боите на #шаренареволуција и јас #протестирам. pic.twitter.com/bIr6A1zsVG
— Цветот (@ZeFlowah) April 22, 2016
19:20 ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција ја обои и новата барокна зграда на АВМУ
Шарената револуција ја стигна и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно новата барокна зграда кај Бристол за која беше исечен парк. Таа е „освежена“ со нови бои. Демонстрантите скандираа „ова беше парк“.
Фото – Твитер
19:30 ФОТО+ВИДЕО: Општина Охрид доби јајца од демонстрантите
Зградата на општина Охрид денеска беше гаѓана со јајца од демонстрантите на вториот протест по одлуката на Иванов за аболиции.
#протестирам#Охридpic.twitter.com/Ez5cc4hWbZ
— Martin Ko (@martinko40) April 22, 2016
Фото и видео – Твитер
19:41 ФОТО+ВИДЕО: Струмица повторно на протест, се пее „Бела чао“
Вечерва повторно протест во Струмица по одлуките на Иванов за аболиции.
LIVE on #Periscope: #Протестирам Струмица https://t.co/FOoi5F9aS8
— Живче (@Zivce_Ivanova) April 22, 2016
LIVE on #Periscope: Bella ciao! Мила знај! #Струмицаhttps://t.co/fZ8BAJA257
— Живче (@Zivce_Ivanova) April 22, 2016
Фото и видео – Твитер
19:54 ГАЛЕРИЈА: Илјадници граѓани на протест, моментално кај ЕУ-инфо центарот
Ви ја пренесуваме моменталната атмосфера од 10-от протест по одлуката на Иванов за аболиција. Моментално демонстрантите се наоѓаат кај ЕУ-инфо центарот во Скопје, откако претходно ја обоија зградата на АВМУ.
Фото – Твитер
20:03 (ВИДЕО) Донев: Мора да бидеме истрајни во борбата!
„Конечно сфативме дека не е доволно да се сака нешто, мора да се избориме за тоа и да бидеме истрајни во борбата и најмногу од се да бидеме солидарни, затоа што заедно сме најсилни“, изјави пред присутните демонстранти Александар Донев од граѓанското движење „Протестирам“, пренесува БИРН.
„Ако сакаме да нема наши сограѓани од таа некоја страна, да не бидат уплашени и како стока истоварени и товени за да бидат штит за нечиј криминал, мора да се избориме и за нив. Ако сакаме да нема криминал, ќе ги бутнеме криминалците во затвор“.
#протестирам #protestoj #ШаренаРеволуција in a nutshell pic.twitter.com/paw5rRmjME
— Дилдо Багинс (@ivogievski) April 22, 2016
Граѓаните се собрани во близина на ЕУ инфоцентарот и театарот Комедија. Тие скандираат „СЈО“, „Нема правда, нема мир“, „Оставки“, „Робија“…
20:08 ВИДЕО: Шутка не ти бега Николаааааа, Николаааа…
Демонстрантите вечерва ја преработија песната од контрапротестите „Никој не ти може ништо, Никола“, и запеаја „Шутка не ти бега Николаааааа, Николаааа…“
Видео – БИРН
20:12 ФОТО: Толкави хулигани што не сакаат ниту да ги згазат цвеќињата
Преку оваа фотографија на Твитер беше даден одговор до провладината пропаганда која ги карактеризира демонстрантите како хулигани.
„Толкави хулигани што не сакаат ниту да ги згазат свежо посадените цвеќиња“, пишува во описот на фотографијата направена на булеварот Климент Охридски.
Повеќе фотографии од ЕУ-инфо центарот тука.
20:20 ВИДЕО: Куманово на масовен протест пее – Робија те чека, Никола!
Погледнете каква е атмосферата вечерва во Куманово.
#Куманово со порака до #Ж: Робијата те чека Никола #протестирам#ШаренаРеволуција. pic.twitter.com/WHzsOwIbmN
— Митко_ (@MitkoBojmacalie) April 22, 2016
20:35 ГАЛЕРИЈА: И вечерва повторно илјадници граѓани стигнаа на протест пред владата
И десеттиот ден од Шарената револуција пред владата има илјадници граѓани кои го изразуваат револтот од одлуката на Иванов за аболиција, како и од актуелната политичка состојба и опструкцитие врз СЈО.
Има да ве нема криминалци. #протестирамpic.twitter.com/ngJKa7Tcwu
— Aleksandar Tasev (@alektasev) April 22, 2016
20:45 ГАЛЕРИЈА: Велес и вечерва протестираше
Велес и вечерва протестираше. Протестот започна од пред кружниот тек кај Авона. Демонстрантите се движеа улицата Благој Ѓорев, покрај кафе баровите во Велес. Протестот заврши на плоштадот С’рмаале.
Викендов протестите се ставаат во мирување.
Инаку вечерва пред штабот на Вмро-Дпмне имаше контрапротестанти од ГДОМ.
21:06
Преку фотографиите во продолжение погледнете како изгледаше вечерашниот протест во Прилеп.
#прилеп #протестирам pic.twitter.com/yEqMrhuhxG
— Цане #протестирам (@cane_be) April 22, 2016
Фото – Твитер
21:30 ГАЛЕРИЈА: И вечерва масовен протест во Битола и полициски кордони пред општината
И вечерва битолчани излегоа на протест низ улиците на градот и пред општинската зграда која секоја вечер е под силно полициско обезбедување.
Фото – Твитер
21:41 ФОТО: Графит пред владата – ние сме шарената ѕвезда на ЕУ
Демонстрантите пред владата напишаа графит „ние сме шарената ѕвезда на ЕУ“.
Фото – Твитер
21:48 ГАЛЕРИЈА: Демонстрантите ги бришеа полицајците од боја
Демонстрантите од граѓанското движење „Протестирам“ вечерва ја бришеа бојата од штитовите на полицијата, откако од боја „настрада“ барокната зграда на Агенцијата за медиуми, пренесе БИРН.
„Ова беше парк“, извикуваат демонстрантите, алудирајќи на тоа дека пред да бидат изградени барокните згради кај Бристол, на местото имаше парк, зеленило и дрва.
ФОТО – БИРН