Откако претседателот Ѓорге Иванов објави помилување за 56 лица, меѓу кои водечките функционери на ВМРО-ДПМНЕ, и јавноста се крена на протести, тој повика сите кои сакаат да поднесат барања за поништување на одлуката која се однесува на нив.
– Кога ќе ги добијам таквите барања, ќе повикам правни експерти да понудат можно правно решение. И политичките партии можат со свои правни експерти да се вклучат во овој процес – рече Иванов минатиот петок.
Досега многумина побара повлекување на одлуките но Иванов уште не постапил по барањата. Наводно, тој уште не нашол правен начин за тоа. Во меѓувреме, барања за повлекување на помилувањата стигнуваат од илјадници граѓани кои излегуваат на протести низ целата држава, но и од меѓународната заедница. Последниот повик беше вчера од американскиот Стејт департмент кој повторно побара Иванов да ја повлече аболицијата. Во меѓувреме, повеќе светски медиуми најавуваат санкции за Груевски и соработниците.
Твитерџиите го советуваат Иванов начинот да го најде во блиското минато, односно да постапи исто така како што постапил во случајот со Ламбе Арнаудов, кој во 2009 прво се најде на листата на помилувани, но потоа ваквата одлука беше отповикана во Службен весник.
Бисер, виа @therealpsmst
“Иванов донесе одлука за отповикување на одлука за помилување”.
-2009та. pic.twitter.com/7q5mq6y8UK— КраФТ (@kraft_mk) April 22, 2016