Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17845

ФОТО: Власта го брани барокот од Шарената револуција со огромни знамиња

$
0
0

Зградата на Археолошкиот музеј, во која е сместен и Уставниот суд вечерва е украсена со големи државни знамиња. Ова е прв пат оваа зграда, која е еден од симболите на контроверзниот проект „Скопје 2014“ да биде украсена со знамиња на ден што не е државен празник, пишува порталот Сакам да кажам.

5445433434

Антивладините демонстранти денеска најавија дека ќе маршираат кон Уставниот суд како „еден од симболите на неправда и корумпираност“. Но, полицијата не им дозволи да се движат преку Вардар и тие останаа на платото пред Владата. Откако не успеаја да се договорат со полицајците да ги пропуштат на мостот „Гоце Делчев“, тие фрлија боја врз лавовите од страна на Владата.

Во текот на Шарената револуција изминатите денови беа обоени многу згради од проектот „Скопје 2014“, како одговор на неразумното трошење на народните пари. Покрај Триумфалната капија, зградата на Агенцијата за медиуми, фонтаната на Александар Велики, споменикот на Прометеј и други нови споменици и квази барокни фасади, со боја беше нападнато и Министерството за култура, преку кое главно се арчеа буџетските пари за проектот „Скопје 2014“.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17845

Trending Articles