Чавков преку Канал 5 изрази надеж дека нашите пријатели од САД и ЕУ ќе направат дополнителни напори да се организира лидерска средба, бидејки само политички дијалог може да биде излез за оваа политичка криза, која се продлабочува се повеќе и повеќе а „тоа се гледало и на самите секојдневни случувања“.
![mitko-cavkov-11-670x400[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/04/mitko-cavkov-11-670x4001-670x400.jpg)
-Тоа го гледате преку вандалското однесување, преку хулиганското однесување, преку сквернавењето на спомениците на културата, преку оштетувањето на спомениците на културата – изјави дополнителниот Чавков.
– Нема да влеземе во нивното сценарио, нема да влеземе во крваво сценарио, ние и понатаму ќе трпиме и ќе одговараме соодветно на секое хулиганско однесување. Имаме неколку кривични пријави, има неколку случаи на определен притвор, неколку прекршочни пријави, но активностите продолжуваат понатаму, имаме безброј фотографии, имаме безброј документи преку кои дополнително вршиме идентификација на сите кои што се пројавиле со тој насилен пристап на уништување и оштетување на објекти од културата – се закани заменскиот Чавков преку Канал 5