12-от протест на Шарената револуција беше масовен и во знакот на дождот кој врнеше во текот на целата вечер, па дополнително шаренило на протестот му дадоа и чадорите во различни бои кои ги носеа демонстрантите.
Масовноста во лоши временски услови веројатно беше како резултат на апсењето на членови на Левица поради учество во протестите. Двајца од нив се во куќен притвор и со кривични пријави.
Вечерва протестот се движеше од СЈО кон Собранието, па до новата барокна зграда на МНР која беше бојадисана, па потоа кон владата. Таму ветерот даде придонес во протестот, со тоа што го урна скелето поставено на еден дел од зградата на владата за преку него да се брише бојата фрлена од демонстрантите на еден од претходните протести.
Во продолжение хронологија на вечерашниот протест.
18:54 ГАЛЕРИЈА: Илјадници луѓе дојдоа пред СЈО на новиот протест од Шарената револуција
И вечерва продолжуваат протестите иницирани од аболицијата за повеќе политичари од страна на претседателот Иванов.
Протестот во Скопје започна во 18 часот од пред СЈО, каде се собираат илјадници граѓани, денеска со дополнителен поттик, повикувањето на информативен разговор на учесници во протестите и нивно апсење, како што е примерот со Здравко Савески од Левица.
19:14 ГАЛЕРИЈА: Марш низ улиците на Скопје со Сојузот на борци на чело на протестот
На денешниот протест се приклучи и Сојузот на борци на чело на колоната.
19:42 ГАЛЕРИЈА: Демонстрантите со шарени чадори пред Собрание
Демонстрантите стигнаа пред Собранието каде започна да врне дожд. Тие во знак на Шарената револуција извадија чадори во различни бои.
19:57 ФОТО: И Заев на денешниот протест
И лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е дел од денешниот протест на Шарената револуција.
20:08 ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција ја обои и барокната зграда на МНР
Демонстрантите од пред Собрание преку мостот кај Холидеј Ин стигнаа пред барокната зграда на Министерството за надворешни работи. И таа беше обоена во болите на Шарената револуција.
Граѓаните го обоија #МНР, а со чадори ја штитеа полицијата #ШаренаРеволуција#протестирам#пpic.twitter.com/6ALKOrVBA6
— META.mk (@meta_agency) April 25, 2016
20:22 ВИДЕО: Дождот не ги поколеба, од МНР демонстрантите се упатуваат кон Влада
Од МНР демонстрантите се упатуваат кон Влада #протестирам #п #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/wt03bf3xTZ
— META.mk (@meta_agency) April 25, 2016
Од МНР демонстрантите се упатуваат кон Влада #протестирам#п#ШаренаРеволуцијаpic.twitter.com/NEqeqr8LxT
— META.mk (@meta_agency) April 25, 2016
20:30 (ВИДЕО) Кристина Арнаудова: Претестирам и за колегите кои се чуваат за тезги за изборни кампањи
Пејачката Кристина Арнаудова пред републичкото собрание порача дека има милион причини да протестира зошто сака да го каже својот став, но и дека протестира во името на нејзините колеги и сите оние кои избрале да молчат, пренесе А1он.
Протестирам и во името на моите колеги, кои молчат зошто изборните кампањи се најдобро платените тезги, други веќе немаме, рече Арнаудова.
Протестирам со мојот народ, до крај, Нема правда нема мир, порача печаката Кристина Арнаудова.
20:37 ФОТО: Вриеше од демонстранти на патот кон владата на силниот дожд
Вака изгледаа демонстрантите кои од МНР се движеа кон владата на силниот дожд.
20:53 ВИДЕО: Ветерот го урна скелето пред Влада. Следуваа овации „Пада Влада“
Ветерот го урна скелето пред Влада. Нема повредени. Овации “Пада Влада” #протестирам #п #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/sPK3lscC56
— META.mk (@meta_agency) April 25, 2016
21:22 ФОТО: Дождот не беше проблем и за вечерашниот протест да стигне пред владата
И покрај силниот дожд кој врнеше попладнево и вечерва во Скопје, демонстрантите успеаа да ја завршат планираната рута и да стигнат пред владата каде стандардно завршуваат протестите секоја вечер. Вечерва токму поради лошото време падна и скелето на владата поставено за да се избрише бојата.
21:35 (ВИДЕО) Шилегов: Чавков снимај, сега пак ќе фрламе боја
Од ова место пред неколку дена беше побарано да бидеме забранети и сотрени, но нема да не сотрете, нема тоа ви го дозволиме, порача Петре Шилегов од пред Собранието на Македонија, пренесе А1он.
-Ние никогаш нема да побараме забрана на ВМРО-ДПМНЕ, свесни сме дека Македонија не е заложник на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сто криминалци во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Повикувувајте го секој граѓанин да се приклулчи, сите ни се потребни зошто само шарена Македонија е онаа која ние ја посакуваме, и за која се бориме.
Вие што побаравте наша забрана, ќе ве испратиме онаму каде што ви е местото, во црната дупка на македонската историја, рече Шилегов.
Ние нудиме шаренило, еднаквост за сите, за Македонија во која сите ќе одговараме за своите дела пред законот, секој што згрешил ќе мора да одговара, рече Шилегов.
Тој упати порака и до Митко Чавков.
-Продолжете да снимате, не не плашите со вашето снимање, вие ја снимате новата историја на Македонија, со која ќе се гордееме сите, порача Шилегов и повика на секојдневни протести.
-Секој ден ќе ви фрламе, сега одиме пред Министерството за надворешни работи а потоа пред Влада, дојди Никола, порача Шилегов.
Тој кажа дека ниту дожд ниту ништо нема да ги спреи протестите и порача дека граѓаните нема да дозволат Македонија да биде диктаторска држава.
Видео – А1он