Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17392

Заклучена врата за да не ја вознемируваат Д-р. Горде и возило на МВР за брзо да си замине?!

$
0
0

Откако вчера група млади битолчани со герила-акција и транспарент „Честито аболиција“ ѝ го честитаа докторатот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Либертас дознава повеќе детали за настанот.

jankuloska-860x680[1]

Според нашите извори, откако „герилците“ влегле во салата, на служителите од битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ им било наредено да ја заклучат вратата од катот каде се наоѓа свечената сала на Ректоратот, за никој да не ја вознемирува Д-р. Јанкулоска. Други нејзини колеги од факултетот кои сакале да си одат за време на церемонијата морале да чекаат да им ја отклучат вратта.

dav

По церемонијата, според изворите на Либертас, Јанкулоска ја соблекла свечената облека и веднаш заминала, односно не отишла на коктелот на Универзитетот заедно со другите доктори на науки, туку неофицијално отишла во рибникот во село Бабино, Демирхисарско, да се чести риба.

Д-р. Јанкулоска си заминала од универзитетот со „Пасат“ со сребрена боја со скопски регистарски таблички, најверојатно службено возило на МВР. Заминала со двајца телохранители и сопругот. Возилото било паркирано пред факултетот во поранешната касарна каде се одржуваше церемонијата, велат нашите извори.

Се поставува прашањета дали на Јанкулоска и следува возило како дел од апанажата, а и дали настанот бил во интерес на МВР.

Инаку докторатот на Јанкулоска беше за „сузбивање на транснационален финансиско-економски криминал“.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17392

Trending Articles