Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17408

МЕГАГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: 13-ти протест од Шарената револуција –нова боја за Правда и Канцеларијата на Иванов

$
0
0

Денешниот 13-ти ден од протестите на Шарената револуција го одбележаа протести во Скопје и повеќе други градови. Илјадници граѓани повторно излегоа на улиците да бараат правда, со познатиот слоган „Нема правда, нема мир!“

Во Скопје протестот започна од пред СЈО, па продолжи покрај Министерството за правда и Канцеларијата на Иванов на Рекорд. И двата објекти беа ишарани во боите не револуцијата. Пред канцеларијата на Иванов беа запалени и неколку негови фотографии, по што демонстрантите продолжија пред Собранието каде имаше и говори, па преку Триумфалната порта и плоштадот се упатија кон Владата, каде протестот заврши.

Во продолжение хронологија од вечерашните протести.


18:34 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Граѓаните се собираат пред СЈО за 13-от протест на Шарената револуција

Од 18 часот пред Специјалното обвинителство во Скопје започнаа да се собираат граѓани за 13-от протест на Шарената револуција. Истовремено, вечерва протести се закажани и во многу други градови ширум државава. Либертас ќе ги следи протестите низ цела Македонија.

Фото и видео – Твитер


18:36 ФОТО: Охрид повторно на протест 

Вечерва и Охрид повторно излегува на протест како дел од Шарената револуција, која започна по одлуката на Иванов за помилување на 56 политичари. Протестот започнува од кај Чинарот.

Cg-0kilW4AE8LV7[1]

Фото – Твитер


18:48 ГАЛЕРИЈА: Протестен марш низ охридската чаршија 

Вечерва и Охрид повторно излегува на протест како дел од Шарената револуција, која започна по одлуката на Иванов за помилување на 56 политичари. Протестот започна од кај Чинарот и продолжи со протестен марш најпрво низ охридската чаршија.

Cg-0kilW4AE8LV7[1]

Фото – Твитер


18:51 ФОТО: И Калимеро протестира – нема правда, нема мир!

На протестите на Шарената револуција се појави и познатиот анимиран лик Калимеро кој се жали дека нема правда, нема мир.

Cg-5hVKWMAAYIZC[1]

Фото – Твитер

Повеќе фотографии:

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Граѓаните се собираат пред СЈО за 13-от протест на Шарената револуција


18:56 (ВИДЕО) Горјан Тозија: Се согласувам на реперкусии ако моето бунтување против неправдата е причина

Филмскиот продуцент и поранешен советник на претседателот, Горјан Тозија за Призма на почетокот на денешниот протест пред СЈО изјави:

– Потребна ни е една ненасилна револуција да се случи овде зашто степенот на температура е неиздржлив.

Инаку тој е дел од листата на демонстранти кои се бараат од полицијата.

На прашањето дали на повик во Обвинителството ќе се јави, Тозија вели: Апсолутно да. Јас не се кријам, напротив, горд сум што сум дел од оваа група.

Се согласувам на реперкусии ако моето бунтување против неправдата е причина, вели тој.

 Видео – Призма

19:03 ГАЛЕРИЈА: Демонстрантите тргнаа на протестен марш низ скопските улици

Од пред Специјалното обвинителство во Скопје демонстрантите тргнаа на протестен марш како дел од 13-от протест на Шарената револуција.

Фото – Твитер


19:16 ФОТО: Повторно боја за Министерството за правда од Шарената револуција 

Демонстранти кои се дел од 13-от протест на Шарената револуција повторно ја обоија зградата на Министерството за правда во центарот на Скопје.

Cg-_z7NWIAIH6fw[1]

Фото – Твитер


19:18 ГАЛЕРИЈА: Обоена и празната канцеларија на Иванов на Рекорд

Демонстранти кои се дел од 13-от протест на Шарената револуција ја обоија празната Народна канцеларија на претседателот на Рекорд, која беше демолирана на 2-от ден од протестите во Скопје.

Фото – Твитер


19:27 ГАЛЕРИЈА: Тетово излезе на масовен протест како дел од Шарената револуција

Денеска и Тетово за прв пат излезе на масовен протест како дел од Шарената револуција, која започна по одлуката на Иванов за помилување на политичари.

Фото – Фејсбук/Твитер


19:39 ФОТО: Повторно гореа фотографии од Иванов пред неговата празна и шарена канцеларија

Cg_C7bnXEAEqEic[1]

Фото – Твитер


19:43 ФОТО+ВИДЕО: Илјадници демонстранти стигнаа пред Собранието 

Илјадници демонстранти кои тргнаа од пред СЈО веќе пристигнаа пред Собранието во Скопје. Тие претходно ги ишараа и Министерството за правда, и Народната канцеларија на Иванов.

Фото и видео – Твитер


19:50 (ВИДЕО) Туфегџиќ до неутралните: Вашето место е покрај нас да им порачаме на криминалците дека ги чека робија

Ивана Туфегџиќ од Студенскиот пленум им се обрати на протестантите пред Собранието: Да седиме ли мирни кога претседателот помилува криминалци. Не ли е доста кога за ќебапи се лежи во затвор, а оние кои крадат се возат со мерцедеси!

Се бориме за демократија и за фер и демократски избори, додаде таа од говорницата, рече таа и им се обрати на неутралните: Вашето место е покрај нас да им порачаме на криминалците дека ги чека робија.

Пред да го почне своето обраќање, таа преку камерите го поздрави заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков, пренесе Призма.

Видео – Призма


20:01 ГАЛЕРИЈА: Протест и во Кичево против помилувањата од Иванов 

Од вечерва и Кичево се приклучи на протестите на Шарената револуција кои започнаа по помилувањата од Иванов за политичарите.

Фото – Твитер


20:13 ГАЛЕРИЈА: Протест во Тетово пред канцеларијата на Иванов, граѓаните сплотени со различни знамиња

Денеска протестира и Тетово. Граѓаните сплотени со различни знамиња стигнаа пред канцеларијата на Иванов да го изразат својот револт од одлуката за помилување на политичари.

Cg_KR73UcAAdWzA[1]

Фото – Твитер


20:20 ВИДЕО: Целосно беше избоена канцеларијата на Иванов на Рекорд 

Погледнете ги видео снимките на А1он од избоената канцеларијата на Ѓорге Иванов на Рекорд.

 Видео – А1он

20:23 ГАЛЕРИЈА: Вечерва масовен протест и во Струмица

Вечерва и Струмица повторно протестираше како дел од Шарената револуција на протестите иницирани од одлуката на Иванов за помилување на политичари.


20:28 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Илјадници демонстранти стигнаа пред Владата

Демонстрантите кои тргнаа од пред СЈО, па ги бојадисаа Министерството за правда и Канцеларијата на Иванов на Рекорд, беа пред Собранието, па преку Триумфалната порта и плоштадот се упатија кон Владата, каде се наоѓаат моментално.

Фото и видео – Твитер/Мета


20:34 ГАЛЕРИЈА: Велес протестира седми ден

И денеска Велес излезе на масовен протест како дел од Шарената револуција. Ова е седми ден како Велес излегува на улица.


21:00 ФОТО: Битола повторно на протест

И вечерва Битола беше дел од протестите на Шарената револуција.

Фото – Твитер


21:02 ФОТО: Прилеп и вечерва излезе на протест

Прилеп и вечерва излезе на протест како дел од Шарената револуција.

Cg_LiBXUkAEcMIK[1]

Фото – Твитер


21:06 ФОТО: Протест на Шарената револуција и во Куманово 

Куманово и вечерва излезе на протест како дел од Шарената револуција.

Cg_Xc2HUoAAiBGq[1]

Фото – Твитер


 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17408

Trending Articles