Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија откри дека премиерот Никола Груевски ќе си поднесе оставка на 10 јануари. Според Договорот од Пржино, крајниот рок кога Груевски треба да се избере техничка влада со нов премиер по предлог на ВМРО-ДПМНЕ е 15 јануари.
(видеото започнува во моментот кога Ахмети зборува за оставката на Груевски)
Ахмети призна дека Договорот од Пржино се спроведува со задоцнување, но ги набројуваше работите што се реализирани.