Неофицијално, само ВМРО ДПНЕ поднеле листи на членови на избирачки одбори до општинските изборни комисии ширум државава.
Иако досега нема официјално соопштение од ДИК, сепак, првичните информации говорат дека до синоќа до полноќ кога истече рокот за доставување, вакви листи не поднеле од СДСМ, кои од поодамна најавија бојкот на избори на 5 јуни, но листи не поднеле ниту ДУИ и ДПА.
Со ова најверојатно изборите ќе мора да се одложат, бидејќи станува беспредметно чекањето на 11 мај, датумот до кога треба да се поднесат пратеничките листи, односно, штом партиите не поднеле листи за избирачките одбори, тогаш логично е дека нема да понесат ниту листи за пратеници.
Досега претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски ја отфрлаше можноста за повторно свикување на Собранието и поништување на одлуката за избори на 5 јуни.