„Денес го засоливме ручекот на евро-пратеничката Маријана Петир која околу пладне во ресторанот Пелистер во Скопје дискутираше со жени од политичкиот живот во Македонија. Ја прашавме: ДАЛИ ВО ЕУ АБОЛИЦИРАТЕ КРИМИНАЛЦИ?“, стои во објавата на Шарената револуција на Фејсбук.
Инаку, Маријана Петир е пратеник во Европскиот Парламент а деновиве провладините медиуми ја пренесуваа нејзината изјава дека излезот од кризата во Македонија се избори на 5 јуни.