Шарената револуција по маршот низ скопските улици пристигна пред зградата на МРТВ, која е денешната цел на протестот. Таму се слушаат снимки од „бомбите“, меѓу кои и снимката во која се слушаат гласовите на екс-министерката Јанкулоска и шефот на премиерскиот кабинет Протоѓер како се договараат кои новинари да се викнат на брифинг. Пред демонстрантите настапува и „Белизе бенд“.
Фото и видео – Фејсбук/Твитер