Пакет – решенија
Повлекувањето на аболицијата и одложувањето на изборите се двата предуслови кои треба да овозможат враќање на дијалогот и на спроведувањето на Договорот од Пржино. Но, без оглед дали партиите сами ќе постигнат договор или ќе чекаат помош од новоименуваниот германски специјален пратеник, Јоханес Хајндл, извесно е дека треба да биде договорен „мини-пакет“ кој ќе ги даде насоките и за елиминирање на други можни опструкции врз Договорот.
Еден од предлозите бил Уставниот суд во дефиниран рок да се изјасни за иницијативата за оценување на уставноста на Законот за специјалното јавно обвинителство, и зависно од оценката, би биле преземени или не соодветни активности, со единствена цел – СЈО непречено да ги извршува обврските заради кои беше формирано. Во тој пакет треба да биде договорено и дали одложувањето на изборите ќе биде врзано со нов датум или единствено со исполнувањето на условите за фер избори.
Доколку се договорат за втората варијанта, треба да одредат колкав би бил рокот за исполнување на обврските. Иако се уште е „во сила“ 5-ти јуни, на преговарачката маса се вртат повеќе изборни датуми: 25 септември, почетокот или средината на октомври, како и парламентарни избори во пакет со локалните – наредната пролет. Отворено е и прашањето кој ќе ги спроведува договорените обврски до следните избори – влада на широка коалиција или експертска влада договорена и поддржана од „четворката“? Ќе биде неопходен нов договор околу форматот на извршната власт, бидејќи повлекувањето на премиерот од функцијата се реализираше „сто дена пред избори“, на оние што беа закажани за 24 -ти април и потоа одложени, како и договор околу мандатот на министрите од СДСМ што беше регулиран со Законот за влада, а поврзан со спроведување на изборите.
Кога и како до избори Кога и како до избори Што понатаму? Пошироката јавност воопшто не е информирана за темите и деталите за кои деновиве се разговара зад затворени врати. Главното прашање не е само дали ќе се одложат изборите на 5-ти јуни, туку – како и што понатаму? „Без оглед на тоа дали ќе се помести датумот на изборите или не, најголем дел од партиите на опозицијата најавија бојкот на изборите. Кои се импликациите од оваа одлука? Дали ова ќе придонесе кон решавање на кризата или ќе ја продлабочи? Дали, ако се помести датумот на изборите, треба да има нов датум за избори или мора да се инсистира прво да се создадат услови за слободни избори, а потоа да се утврди датум за нив? Дали се гледа излезот од политичката криза во Македонија?
Како понатаму?“
Ова се прашањата што невладината организација „Цивил – Центар за слобода“ ќе им ги постави на поканетите претставници од сите парламентарни и вонпараламентарни партии на денешната дебата. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА не се одзвале на поканата. Се очекува останатите да дадат оценки и придонес во градењето мерки за излезе од кризата, што досега главно беше ексклузивно право на „четворката“. Денеска ќе се одржи и седница на ДИК, која вчера без образложение беше одложена. На дневен ред е Извештајот за обработени пријави за гласање на државјани на Република Македонија со привремена работа или престој во странство за гласање во ДКП на РМ, како и Извештај од јавниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на РМ, заклучно со 08.05.2016 година. Ноќеска на полноќ истече рокот за пријавување на гласачи од дијаспората. Според бројките пристигнати до вчера, извесно е дека таму нема да има избори, бидејќи не се пријавиле доволен број гласачи.
текстот во целост прочитајте го тука