Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17535

Груевски ќе се трка на избори со Бачев и со Рада Шеќерова

$
0
0

Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски попладнево околу 19 часот ги доставила своите кандидатски листи до Државната изборна комисија, објави провладиниот портал Press24.

branko_janevski[1]

Инаку, Либертас уште на 4 април објави дека активисти на владејачката ВМРО-ДПМНЕ собираат потписи и доставуваат лични карти за пререгистрација на Социјалдемократската партија (СДПМ) на Бранко Јаневски, велат извори за Либертас.

Како што објавивме тогаш, власта заборавила да ја пререгистрира „џокер-партијата“, па го правеше тогаш итно за да биде спремна доколку е потребно да истрча како дел од алтернативната опозиција за планираните избори на 5 јуни.

Се работи за партијата која на секои избори излегува со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на избори листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев и Игор Ивановски.

Инаку, претходно кандидатски листи во сите 6 единици достави и НДМ на Јанко Бачев.

984509439043

ВМРО-ДПМНЕ најави дека своите листи ќе ги достави пред полноќ, a Press24 веќе ги објави носителите, иако многу е веројатно дека избори на 5 јуни воопшто нема ни да има, па целиот процес се претвори во пародија.

СДСМ, ДУИ и ДПА најавија дека нема да поднесат кандидатски листи.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17535

Trending Articles