Барањата да се свика Собранието, откако стана јасно дека на изборите на 5 јуни ќе учествува само владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, не го одложија патувањето на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во Рим.
Порталот СДК пишува дека тој замина на предвремено честувување на браќата Св. Кирил и Методиј оти папата Франциско поради обврски не можел да ги прими на 24 мај.
Откако бугарската делегaција се согласила, поместувањето го прифатила и делегацијата од македонското Собрание. СДК дознава дека собранискиот спкер со сопругата во вторник ќе се врател од Рим во Скопје.