Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

МЕГАГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: „Не можете да ја избришете Шарената револуција“ –протести во повеќе градови против еднопартиските избори

$
0
0

И денеска протести низ повеќе градови во Македонија против одлукат за еднопартиски избори и против неуставната аболиција на 56 лица. Се протестираше во Скопје, Велес, Ресен, Кавадарци, Крива паланка, Струмица, Битола, Штип…
Во Скопје протестот започна пред СЈО и продолжи кон Собранието кое и денес со катапулт беше обоено во боите на Шарената револуција, а на булеварот пред влезот испишано беше огромно „Не можете да ја избришете Шарената револуција“. Обоена беше и зградата на МНР, и повторно беа запалени факели под мостот кон Владата.


 

ГАЛЕРИЈА: Започна протестот пред СЈО – Еднопартиски избори не може!

Започна протестот пред СЈО. Демонстрнатите кои секој момент се се повече го напвија денешниот транспаренткој гласи: Еднопартиски избори не може.

 

Cil8ZMOWgAACpxh

Cil5LoLWgAAU-jICil63phXIAAUhoM


 

(ВИДЕО) Демонстрантите тргнаа кон Собраниетo

Демонстрантите од пред СЈО се движат кон Собранието:

Cil-iAZXAAAGran

Cil-uNvWsAAggYi


 

(ВИДЕО) Пред Собрание на ечи „Во борба, македонски народе“

Демонстрантите пристигнаа пред Собранието. Ечи „Во борба, македонски народе“.


ГАЛЕРИЈА: Протести и во Ресен

И во Ресен граѓаните се собраа во центарот на градот да го изразат својот револт и уште еднаш да истакнат дека не се повлекуваат се додека не се обезбеди итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е покренато обвинение од страна на СЈО!

CimDEC-WUAQp4GXCimB_S8WkAAoJQa


 

ФОТО: „Не можете да ја избришете Шарената револуција“ пред Собрание

Демонстрантите со розева боја напишаа огромно „Не можете да ја избришете Шарената револуција“ на булеварот пред Собранието.

CimGY4YXAAAxJyk


 

ГАЛЕРИЈА: Собранието во боите на Шарената револуција

Демонстрантите револтирани од еднопартисите избори на 5-ти јуни го обоија Собранието во боите на Шарената револуција.

CimISUXXAAAppLGCimGmmTWsAAE8Tq (1)CimGu5wXAAAA_OSCimIA55UoAAbT3Q


 

ГАЛЕРИЈА: „Шарам слобода барам“ – и жена паркот во боите на Шарената револуција

И жена паркот денеска во боите на Шарената револуција. „Шарам, слобода барам“, на еден од спомениците во Паркот на жената борец.

13233333_10208144744394604_774661779_n13250457_10208144744874616_198582192_n13187738_10208144745234625_730921804_n
13236192_10208144745994644_922629456_n


 

ГАЛЕРИЈА: „Нема правда, неа мир“ – и МНР во боите на Шарената револуција

И Министерството занадворешни работи на денешниот протест беше обоено во боите на Шарената револуција:

CimLMjIUkAA2teKCimLp-cWwAAgZqL (1)CimM1x0UoAEqwurCimLp-cWwAAgZqL


Во Битола блокиран влезот на градот „кај Филџано“

Шарената револуција во Битола вечерва го блокира влезот на градот „од страната на Ресен, во близина на Педагошката академија, пренесува СДК.

fildzano

Bitola1 (1)

Пред општината владините демонстранти повикаа на масовен бојкот на еднопартиските избори на 5 јуни и потоа тргнаа кон периферијата кон кружниот тек што го викаат „кај филџано“ оти среде цвеќето е поставена скулптура „Филџан“.

Битолчани се мајтапат дека најголемите достигнувања на аболираниот градоначалник Владимир Талески во неговите дванаесет години власт е правењето кружни текови. Затоа и сега се сконцентрирани на блокирање на кружните текови на влезовите од градот.


 

ГАЛЕРИЈА: И Штипјани со поддршка за СЈО и повик за повлекување на аболицијата и одложување на изборите

Денеска штипјани го започнаа протестот пред Основниот суд, а продолжија со марш кон градскиот пазар. Протестот заврши со испраќање пораки за силна поддршка за СЈО, повик за повлекување на аболицијата, враќање на пратениците во Собрание и одложување на изборите.

stip


 

(ВИДЕО) Факели под стоковна куќа „Мост“

Граѓаните се движат кон зградата на Владата, факели под стоковна куќа „Мост“:

CimO0JTXAAEB0daCimO3qUWwAAozBsCimOkXhWEAAeJlf


 

ФОТО: Факели и протест и во Прилеп

И прилепчани едногласни против еднопартиските избори и неуставната аболиција:

прилеп 2прилеп 1


 

ГАЛЕРИЈА: И Струмица масовно против еднопартиските избори

И струмичани денеска масовно излегоа во центарот на градот повторно да го изразат својот револт од еднопартиските избори и неуставната аболиција на 56 лица.

13178006_10209730987659743_3465554110119129137_n13174096_10209730980539565_5607485066935139776_n


 

ГАЛЕРИЈА: „Апаши, вратете ги парите“ – Велес 16-ти ден во боите на Шарената револуција

Граѓаните и граѓанките на Велес шеснаесетти ден протестираат во боите на Шарената Револуција.
Протестот започна од пред кружниот тек кај Авона.
Демонстрантите се движеа по улицата Благој Ѓорев, покрај кафе баровите во Велес. Демонстрантите извикуваа Апаши, Вратете ги парите, Поддршка за СЈО, Револуција, Затвор за фашистите, Мафија на робија. Протестот заврши на плоштадот С’рмаале. Тука беа повторно прочитани седумте барања на граѓанското движење Протестирам.

13230068_10209675900797022_3950843099224822537_n13226880_10209675902557066_3961722247760989317_n13256491_10209675903357086_1970496724940666316_n13256295_10209675905237133_905619910224986724_n13179233_10209675908077204_3052537476026955578_n


 

ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција низ улиците на Крива Паланка

Шарената револиција денеска и низ улиците на Крива Паланка. Граѓаните и тука револтирани од еднопартиските избори и неуставната аболиција:

13240032_10154227691694726_7521183461409460443_n13237779_10154227690774726_8417549232639816179_n


 

ФОТО: Во Кавадарци граѓаните ги обоија лицата на Груевски и Иванов

И кавадарчани денеска масовно против неуставната аболиција и еднопартисите избори.

kavadarci 1kavadarci


 

 

 

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles