И денеска протести низ многу градови во Македонија.
Охрид, Скопје, Неготино, Струмица, Крива Паланка, Кочани едногласни дека нема да дозволат еднопартиси избори и ќе протестираат се додека не се повлече одлуката за неуставна аболиција на 56 лица.
Во Скопје протестите започнаа како сите претходни денови, во 18 часот пред СЈО. Искажана беше и поддршка на борбата против хомофобија, трансфобија и бифобија.
Протестите продолжија пред Собранието кое повторно беше обоено со голем катапулт. Пешачкиот премин пред Собранито беше обоен во боите на виножитото.
„Liri“ (слобода) беше испишано и на Триумфалната порта.
Демонстрантите протестираа и пееја „Шутка не ти бега Никола“ и пред хотелот Мериот каде се одржуваше прием на кој учестуваа и функцинери од ВМРО ДПМНЕ.
Протестот заврши пред Владата која со катапулт беше обоена во боите на Шарената револуција. На столбовите на оградата на Владата беше испишано големо „Слобода“. Протестот заврши со музика и забава.
ГАЛЕРИЈА: Граѓаните се собираат на уште еден протест пред СЈО
И денеска граѓаните се собираат на уште еден протест пред СЈО. Како и секој ден и денеска ќе ги повторат своите барање за повлекување на неуставната аболиција и одложување на еднопартиските избори.
Во рамки на протестот одбележан е и денешниот ден на борва против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Демонстрантите ги изработила и треанспарентите за денешниотпротест
ФОТО: И денот на борбата против хомофобијата одбележан на протестите
Во рамки на денешниот протест акттивисти го одбележаа и Светскиот ден на борбата против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата:
ФОТО: И Неготино на протести
Шарената револуција денеска и во Неготино. Граѓаните се децидни дека ќе протестираат се до повлекување на еднопартиските избори и неуставната аболиција на 56 лица.
ВИДЕО + ГАЛЕРИЈА: Граѓаните тргнаа кон Собранието
И денеска демонстрантите се упатија кон Собранието:
Протестот тргна кон Собранието на Република Македонија #протестирам#шаренареволуцијаpic.twitter.com/3oA1ZeriMD
— META.mk (@meta_agency) May 17, 2016
ФОТО: И охриѓани масовно против еднопартиските избори
И Охриѓани излегоа во центарот на градот реоволтирани од одлуката за одржување еднопартиски избори, како и од одлуката за неуставнат аболиција која ја донесе претседателот Иванов.
ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција пристигна пред Собранието
Шарената револуција пристигна пред Собранието. Демонстрантитеи и денеска „вооружени“ со свитичиња извикуваат „нема правда нема мир“ „Мафија на робија“…
ВИДЕО: Демонстрантите и денеска со катапулт го обоија Собранието. Шарени и пешачките премини
Демонстрантите и денеска го фарбаа Собранието со голем катапулт:
Демонстрантите и денеска го фарбаа Собранието со голем чатал #протестирам#шаренареволуцијаpic.twitter.com/VL9YqqjnY4
— META.mk (@meta_agency) May 17, 2016
ФОТО: Свети Николе на нозе против неуставната аболиција
Граѓаните на Свети Николе денеска на улица против еднопартиските избори и одлуката на претседателот на аболира 56 лица:
ГАЛЕРИЈА: И Кочани во боите на револуцијата
Дождот не ги спречи граѓаните на Кавадарци решително да излезат против неуставната аболиција и изборите на кои единствен кандидат е ВМРО ДПМНЕ.
ВИДЕО: „Слобода наместо страв“ – Демонстрантите повторно ја обоија Триумфалната порта
Демонстрантите и денеска повторно ја обоија Триумфалната порта. Напишаа „Слобода наместо страв“ и „Liri“ (слобода).

Демонстрантите повторно ја офарбаа Порта Македонија #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/WDbbkGeiOh
— META.mk (@meta_agency) May 17, 2016

ВИДЕО: Демонстрантите протестираа и пред Мериот во кој има прием со функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Демонстрантите протестираа и пред хотелот Мериот во кој има прием со функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Сите заедно пееја: „Шутка не ти бега Никола“
Демонстрантите протестираа и пред хотелот Мериот во кој има прием со функционери на ВМРО-ДПМНЕ #протестирамpic.twitter.com/ldMUg6FgOi
— META.mk (@meta_agency) May 17, 2016
ВИДЕО: Центарот на Струмица шарен – и денеска протест против еднопартиските избори
И Струмица денеска масовно против еднопартиските избори и неуставната одлука на претседателот на аболира 56 лица. Улиците во центарот на градот во боите на Шарената револуција.
Центарот на #Струмица уште поубав! #СтрумицаНаУлица#Протестирамpic.twitter.com/Xw7oNQuVny
— Живче (@Zivce_Ivanova) May 17, 2016
ВИДЕО: „Во борба“ и „бомбите“ ечат пред Влада
Граѓаните пристигнаа пред Владата каде ечат „Во борба“ и „бомбите“.
Пред Влада се пуштаат „бомби“ #протестирам#шаренареволуцијаpic.twitter.com/WZa5uhPqYg
— META.mk (@meta_agency) May 17, 2016
ГАЛЕРИЈА: И Владата обоена со катапулт
И фасадата на Владата исшарана со катапулт во боите на Шарената револуција.
ФОТО: Огромно „Слобода“ на столбовите на Владата
Демонстрантите напишаа СЛОБОДА на столбовите на оградата на Владата.
ВИДЕО: Протестот заврши со забава со Амон Мра
Денешниот протест заврши пред Владата со забава со Петрит Сараќини – Амон Мра.
Пред владата почна забавата со музика #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/ratLFUwKuV
— META.mk (@meta_agency) May 17, 2016