По подолг период јавна расправа дали има или не услови Катица Јанева да ги чува материјалите, опозицискиот лидер денеска во 15 часот ги однесе материјалите во просториите на специјалното обвинителство.
Зоран Заев ги предаде прислушуваните разговори во специјалното обвинителство. Тој заедно со своите сопартијци пред половина час пристигна кај специјалната обвинителка Катица Јанева, каде се задржа само 10 минути.
Меѓу материјалите спакувани во шест кутии кои Заев и ги предаде на Јанева, е и случајот „Монструм“.
Пред новинарите тој изјави дека очекува Специјалното обвинителство да ги процесуира сите случаи кои произлегуваат од прислушуваните разговори.
извор: Телма
