Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17560

ВИДЕО: Илјадници денари од донации во кутијата на „Шарената револуција“

$
0
0

Се полни пластичната кутија со пари од граѓани кои донираат демонстрантите да ја добијат слободата, осомничени за фрлање боја. Иако наликува на избирачка, потпишана е од „Шарената револуција“, и ги привлече сите присутни во кафулето „Излет“, пренесе Телма.

donacii_sharena[1]

Освен за солидарноста и хуманоста присутните зборуваа и за поддршката на младите луѓе кои се соочуваат со кривични и прекршочни пријави. Сметаат дека се жртва на властите.

Настанот го поддржаа и од опoзициската СДСМ.

Придружуван од најтесното раководство лидерот Зоран Заев освен што донираше средства, седна на иста маса и со претставниците на шарената револуција. Оттаму изразија полна поддршка за демонстрантите и протестите.

Кривични пријави полицијата има поднесено против 33 демонстранти – 26 во Битола и 7 во Скопје. Осомничени се дека со боја и тврди предмети ги оштетиле фасадите на зградата на општина Битола, Порта Македонија во Скопје и зградата на Министерството за култура во скопско Дебар Маало.

Во одвоените судски предмети, веќе тројца демоснтранти беа осудени на условни казни, а во процес се и двајцата истакнати челнови на новоформиранта политичка „Левица“ кои солидарно се товарат за штета од 520 илјади денари за кршење на претседателската канцаларија.

Граѓанскотот движење „Протестирам“ од кое се издигна „Шарената револуција“ ги напушти протестите од пред специјалното обвинителство.

Најавија нови мерки и тактики се до исполнување на нивните барања.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17560

Trending Articles