Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17643

Вечерва протест на Шарената револуција во Скопје –уште 8 дена до крајниот рок

$
0
0

И денеска во 18 часот пред СЈо во Скопје ќе се одрќи протест на кој граѓаните ќе потсетат дека остануваат уште само 8 дена дп рајниот рок за исполнување на првите две од нивните барања:

13428520_1786150964937258_486242200441929780_n

Одбројуваме! Уште 8 дена до крајниот рок што го дадовме за исполнување на две од нашите барања!

Денес во 18:00 пред СЈО ќе повториме дека бараме итно:
1) ПРОИЗНЕСУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ СУД ПО УСТАВНОСТА НА СЈО, затоа што правдата и борбата против криминалот се уставни категории и не смеат повеќе да бидат под закана!
2) ЗАПИРАЊЕ НА ПРОГОНОТ ВРЗ ДЕМОНСТРАНТИТЕ, што вклучува ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму, повлекување на пријавите од МВР за сите останати демонстранти и престанок на сите форми на притисок врз цлободните граѓан(к)и кои го искажуваат својот револт.

Ќе ги повториме и останатите наши барања:
– Оставка од актуелната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори;
– Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија;
– Оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.

Но и ќе потсетиме дека #Протестирам е секоја форма на отпор и протест против автократскиот режим кој е длабоко навлезен во секоја пора на општеството и не’ опресира на секој можен начин. Формата на отпор ја креира секој од нас, на начин кој е најблизок до неа или до него, со излегување на улица, со посочување на неправда и нудење решенија, со трансформирање на културата на насилство во култура на меѓусебна поддршка и солидарност. #Протестирам не е само објава на фејсбук кога има протест или кога има блокада на улица, #Протестирам е состојба на умот и се отсликува во секој сегмент од нашиот живот.

Во моменот #Протестирам значи Шарена револуција. Ревoлуцијaтa е кoмплексен прoцес вo кoј aктивнo учествувaaт мнoгу чинители, стaри и нoви. Тaa имa свoјa динaмикa и инерцијa. Вoеднo учествoтo вo ревoлуцијa е мнoгу пoинaквo делувaње oткoлку сaмo oргснизирaње нa прoтест. Ревoлуцијaтa бaрa визијa зa пoнaтaму. Зaтoa ги пoвикивсме сите кoи извикувaaт #Прoтестирaм дa излезaт мaсoвнo, нo уште пoвеќе дa се вклучaт вo фoрмулирaњетo нa нoвaтa визијa зa Мaкедoнијa за каква се бориме. Тaa мoрa дa прoизлезе oд нaрoдoт!

Ќе има правда, ќе има мир!


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17643

Latest Images

Trending Articles



Latest Images