Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-премер Никола Груевски, по едночасовен распит во Кривичниот суд за порталот Нова изјави дека не се чувствува виновен и посочи дека во иднина пак ќе имало обиди за негово малтретирање да доаѓа во судот а со тоа и врз новинарите, за да прават прилози.
Тој дополни дека сите овие случувања биле нарачка на неговиот опозициски противник, кој според Груевски, е свесен за неговиот рејтинг.
По подолга изјава за медиумите, Груевски не сакаше да одговара на новинарски прашања и Судот го напушти со зборовите „Сега брзам, одам на еден настан“.
Во моментов, во судот тече распитот и на градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Видео: Радио Слободна Европа
Дополнето:
Нема пораз од кој куририте не можат да направат победа – Груевски го испочитувал судот?!