Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

Народот врие за спас на мафијата, бргу барајте сенка!

$
0
0

Не знам дали екс-премиерот се уште прима совети од гатачка и така ги носи одлуките за своите следни чекори и постапки, ама понекогаш тоа се чини како единствено логично објаснување за тоа што го прави и зборува.

jovan postoloski jofe

Еве, во неделата вечерта по којзнае кој пат се закануваше, овој пат со граѓанска војна?!

Се губело трпението кај народот, народот вриел, тој бил под притисок од илјадници за народна акција, и ако „шарените“ така продолжеле, немало да може да ја држи ситуацијата под контрола…

Ова го зборува човек чија партија е на власт 10 години… и ги држи под контрола сите можни институции, судство, обвинителство… единствено СЈО не е под негова контрола и тоа многу го нервира и фрустрира… врие човекот…

И не поминаа ни 24 часа, па се виде што и колку и каде врие…

По којзнае кој пат, со смс пораки, закани и притисоци народот беше собиран во автобуси и носен во Скопје на бесмислени контрапротести. Овој пат за одбрана на Талески, градоначалник осомничен за тежок криминал и моментално во домашен притвор.

Од толку што на народот му врие мораше да се скрие под сенките на дрвата од спротивната страна на улицата и да чека што побрзо да заврши апсурдниот перформанс на „бранителите на Македонија“, па да се вратат со автобусите на работните места од каде ги ослободиле.

Ама не… кога ќе се фатиш на орото ќе го играш до крај, ќе ги следиш инструкциите и ќе мора да излезеш од под сенката и да се вариш на сонцето додека не почнеш да вриеш.

Ај извади книшка за да добиеш работа. Ајде!

Ај направи список со 10 души за да гласаат за нас или ќе те избркаме од работа. Ајде!

Ај влези во автобусов за да те однесеме на контра-протест за одбрана на осомничени за тежок криминал. Ајде!

Ај да се печете на сонце за да видат дека има луѓе спремни да бранат криминалци. Ајде!

Ај вие тепајте се меѓу себе за јас да си ги спасам милионите и милијардите шо ги испратив да ме чекаат на Белизе. Ајдеееее!

Очигледно нема ајде кое е доволно понижувачко за одредени луѓе.

Да, жално е да се гледаат возрасни луѓе кои ги влечкаат и малтретираат на пеколни температури да го бранат неодбранливото, ама на крај е нивен избор, и секогаш може да кажат „не“.

Многумина го направија тоа, илјадници се на улиците секој ден, без закани, без притисоци, без уцени, без молење, во борба за правда.

Драги присилени контраши, колку побрзо кажете „не“ наместо „ајде“ и се придружите на граѓаните кои бараат демократијата и правда, толку побрзо ќе заврши и вашето понижување.

Јован Постолоски – Јофе


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

Trending Articles