Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Саше Политико: Рапорт од мојата средба со Зоран Верушевски

$
0
0

Сосема случајно пред некој ден, додека го чував синот во игротеката во Сити Мол забележав еден човек сам во ќошот, и некако ми изгледаше познато. Откако го загледав убаво ми стана јасно дека е тоа Веруш, се смешкаше и ја крена раката да ме поздрави.

13515422_954188661368055_487053435_n

Го оставив синот да вози количка низ игротеката и му пријдов седнав до него и се поздравивме и направивме краток муабет од едно 10-15 мин. Ми рече дека и тој чува внук во игротеката.

Не знаев што поправо да го прашам. Клучното ми беше – Добро бе шефе, нели ти беше страв дека ќе те утепаат овие, ти ги сруши, ги потопи со снимкиве, сите ќе завршат по затвори, да не зборам за паѓање од власт, конфискација на имот итн итн… Нели ти беше страв од бомба, атентат итн?

Ми рече – Абе што сакаат нека праат, не им се плашам. Јас сум во тајните служби со децении, јасна ми е процедурата, не сум јас обичен човек. Ова е појако од мене. Јас ја сакам оваа земја и сакам таа да оди напред. Се што имам оваа земја ми дала за целиот живот што работев  за неа до пензија. Се работи за идеологија Сале. Јас и ги предадов на мојата партија сите дискови, партијата потоа одлучуваше што ќе прави со нив. Мораше така, да биде организирано тоа со некаква процедура, инаку индивидуално ако идевме ништо немаше да направиме. Големите партии мора една со друга да си дишат во врат, да си бидат контрола една на друга за да не забега земјата.

А ги имаше ли снимкиве и Бранко? – го прашав.

Е тоа засега нема да го откривам, има време се ќе се дознае. Го викнав него за сведок инаку во процесот, сам ќе си каже што и како. – ми одговори.

Саше, оваа земја мора веќе еднаш да се среди, не смее више никој да ја краде, да го гази народот, да го лаже, никој, ниту ДПМНЕ ниту СДСМ веќе не смеат да го владеат овој народ деспотски. Време е да свртиме нов лист. Еве Заев сега ја има таа шанса. – додаде.

Мене ми е криво што фрлиле многу ресурси за глупости, остај крадењето пари и избори, туку наместо скапата опрема вредна 15 милиони евра да ја насочат кон следење терористи и убијци тие трошеле ресурси и луѓе за следење на политичките противници, новинари, бизнисмени, па и самите себе се следеле за да не забега некој, и тоа на Груевски му дало огромна политичка предност, знаел точно кој што мисли и планира и можел да го пресретне, заплаши, купи или превенира со политичка акција.

Позборувавме уште малку, потоа се поздравивме, на одење му реков дека лично сум му благодарен за се што стори за оваа земја и што го ризикуваше својот живот и животот на своето семејство за нас и нашата подобра иднина. Навистина тоа икрено го мислев и сеуште го мислам!

Саше Ивановски

извор: Мактел


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Trending Articles