Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

ВИДЕО: Бројката на загинати во Ница се искачи на 84 лица

$
0
0

nica napad 1

Најмалку 84 лица загинаа, а околу 100 други се ранети доцна синоќа во францускиот град Ница, кога камион удри во толпата луѓе кои го следеа огнометот во чест на националниот празник на Франција 14 јули. 

Nica napad kamion

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев соопшти дека меѓу загинатите има и деца, како и дека 18 од повредени во критична состојба.

Според сведоштва на очевидци, камион со полна брзина удрил во толпата нешто по 23 часот и 20 минути, предизвикувајќи паника меѓу присутните.

Обвинителството од Ница соопшти дека откако камионот влегол меѓу толпата луѓе на крајбрежното шеталиште Променад дез Англе, низ неа возел околу два километри и при што возачот пукал од пиштол, се додека возачот не бил неутрализиран од полицијата. На самиот брег во тој момент биле собрани околу 100 000 лица, кои го проследиле огнометот.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Објавена снимка од моментот кога камионот тргнува кон луѓето во Ница

На Јутјуб се појави снимка од моментот кога камион влета во толпата луѓе кои го следеа огнометот во чест на националниот празник на Франција 14 јули. Од нападот, според најновите податоци најмалку 84 лица загинаа, а околу 100 други се ранети.

Дополнето:

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Објавена снимка од моментот кога полицајците го убија напаѓачот во Ница


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

Trending Articles