Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

Новинарот Стојан Трпчевски ќе биде главниот уредник на МТВ?!

$
0
0

Деновиве меѓу новинарите стана актуелно и кој е новинарот што ќе го предложи опозицијата да ја води информативната програма на државната МТВ во периодот до изборите.

stojan trpcevski

Предлогот опозицијата да предложи главен уредник наиде на критики од фелата дека тоа е само шминка наместо суштински реформи во МТВ и медиумите.

Либертас дознава дека челната позиција, односно главен уредник на МТВ во овој период опозицијата ќе предложела да биде Стојан Трпчевски кој е дел од тимот на сега поранешниот главен уредник Горан Петрески кој со амин на власта замина во весникот „Вест“.

По неговото заминување и кусиот тренинг од новинар на Би Би Си на предлог на ЕУ, МТВ покажала драстична балансираност и во извештаите на агенцијата АВМУ а тоа и гледачите го забележале, односно дека се одлепила од друштвото на пропагандистичките Сител, Канал 5 и Алфа и иако стерилна и со мала гледаност, сепак во одредена мера профункционирала во вестите како сервис на граѓаните.

МТВ е далеку од вистински јавен сервис, нема дебати, нема истражувачко новинарство, но барем за почеток покажала позитивно поместување и не е повеќе цврст пропагандист на Груевски како што беше во времето на Петрески и, како што тој го нарекуваше неговиот „дрим тим“ кој ќе работел професионално.

На барање на Либертас опозициската СДСМ да потврди или демантира дали Стојан Трпчевски ќе биде нивниот избор за главен уредник на МТВ до изборите добивме одговор дека во преговорите се уште биле далеку од персонални решенија за било која позиција па и за МТВ, и дека во преговорите се далеку од фаза во која ќе се нудат имиња за позициии.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

Trending Articles