Од МВР соопштија дека досега се откриени тела на 21 жртва на поплавите во скопско. Најмлад загинат е двегодишниот Енес Мустафа од Ченто, а покрај него во поплавите загинал и негов близок роднина на возраст од 67 години. Најмногу жртви се од населбата Ченто, има двајца загинати од Крива Паланка и по еден мртов од Куманово и од Тетово. Една жртва засега не е идентификувана.
Еве ја листата на загинатите која ја објави Телма:
Бајрам Мустафа (роден 1949 г.) и Енес Мустафа (роден 2014 г.), Ченто, дедо и внук
Катерина Митрова (родена 1933 г.) Ченто
Славка Илиќ (родена 1956 г.) и Томислав Илиќ (роден 1950 г.) Ченто-Економија, маж и сопруга
Ѓилмез Мухареми (родена 1940 г.) Ченто
Мурат Саити (роден 1957 г.) Ченто
Марина Велиновска (родена 1977 г.) и Јован Велиновски, Крива Паланка
Земрије Синани (родена 1985 г.) Ченто
Наде Илиевска (родена 1955 г.) Стајковци
Блага Јовевска (родена 1941 г.) Смилковци
Фуркан Фејзулаху (роден 1987 г.) Ченто
Мирко Митковски (роден 1949 г.) и Сашо Митковски (роден 1971 г.) Црешево
Ќазим Исени (роден 1933 г.) Ченто
Љубица Димчевска (родена 1935 г.) Црешево
Убавка Јовевска (родена 1965 г.) Стајковци
Жаклина Божиновска (родена 1973 г.) Куманово
Достана Димитриевска (родена 1974 г.) Тетово