Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го прекина одморот во Турција и се врати во Македонија, започна со риалити шоу пред камерите.
Како што минатата година преку телефон бараше МВР побрзо да издава пасоши, така денеска прашуваше колку пакети со храна има, а потоа на министерот за здравство Никола Тодоров и на премиерот Емил Димитриев им даваше инструкции и наредби за што да прават – да свикаат нова седница на владата и какви одлуки да донесат.
Зачудувачки е како човек кој моментално нема никаква државна функција, туку само партиска, издава наредби на највисоки државни функциноери, а тие безпоговорно го слушаат.