Бугарската телевизија Нова објави снимка од скопскиот регион каде, како што пренесуваат, состојбата ескалира.
Како што се гледа од снимката човек кој го придружува Груевски, веројатно од неговото обезбедување напаѓа и удира човек кој го критикуваше Груевски за справувањето со последиците од невремето.
Дополнето:
Нападнатиот е Гоце Марковски, волонтер од партијата Левица.
Како што објави „Лајм“, тепачот е соработник на Груевски, извесен Хајрула од село Сингелиќ, кој моментално работи во општина Гази Баба.