Хуманитарната помош во скопско Црешево се дели по штабови на владеачката партија, пишува во писмо кое стигна во телевизија Телма.
Жител на селото се жали дека дека донациите за настраданите се делат само на партиски членови и испраќа апел дека во селото се потребни хигиенски средства пелени и постелнини.
Струја има само во еден дел но водата не е за пиење.
Оваа слика за селото ја има и на социјалните мрежи каде луѓето се жалат дека никој не помага туку само партиски се организира да се помогне на своите.
Се истоварија на сред село кревети и покуќнина и се поделија на свои луѓе пишува на еден од постовите на твитер. Дека состојбата е таква во селото едвај некој да проговори.
Чичко Никола се пожали дека дури пристапот до куќите се прави по партиска линија.
Неговиот брат Спасе кој е дојден од канада на гости е зачуден како може политиката и политичарите да се мешаат во нереќата која ги снајде селаните.
И нивниот сосед кому се поплавила куќата со страв зборува дека помошта не стигнува таму каде што треба.
По улиците во селото жените се расправаа каде исчезнал прашакот за перење кој вчера пристигнал но јавно не сакаа да зборуваат. Повеќето од донациите ги дистрибуира и црвениот крст. На сомнежите дека се прават манипулации со помошта тие одговараат.
Додека бевме во селото камион на црвениот крст во придужба на национална телевизија помина но не застана во Црешево туку се изгуби во планината. Денеска во диструбутивниот центар во мацари забрзано се товареше помош но не кажаа за каде.
Се носеше вода и јогурт , а душеците и пелените останаа во салата. На пунктот во школото 25 мај во Сингилиќ по вчерашниот хаос и тепачки денеска полицијата го обезбедува местото.