Во канцелариите на Јанева денеска беше и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Алсат-М дознава дека тој бил повикан во својство на сведок.
Високи извори од ДПА изјавија дека претседателот на оваа партија бил испрашуван од Специјалното јавно обвинителство поради сомнежите за манипулациите на изборите од 2011 година во општина Зајас, Осломеј, Кичево, во Скопје и во Липково.
Во овој случај, според истиот извор, Тачи пред обвинителите ги доставил сите информации и докази за манипулациите кои ги направиле ДУИ на тие избори.