Арифхикмет Џемаили, кој денеска се појави на распит во СЈО заедно со Елизабета Канческа – Милевска во 2007 година биле во “Мадам Тисо” во Лондон, а таа од таму продолжила во музеите во Санкт Петербург и во Москва за консултации за восочни фигури за Музејот на ВМРО, информира СДК.
Ексминитерот за култура Арифхикмет Џемаили, кој денеска се појави на распит во СЈО, за време на неговиот мандат заедно со тогашната државна секретарка Елизабета Канческа – Милевска ги бирале восочните скулптури за Музејот на ВМРО, едно од првите активности за почнување на проектот „Скопје 2014“, кој беше најавен дека ќе чини 80 милиони, а досега чини 640 милиони евра.
Џемаили беше министер за култура од ДПА од 2007 до 2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“, а за криминалите на власта во овој проект исто така има и истрага на СЈО.
Арифхикмет Џемаили, кој денеска се појави на распит во СЈО не
Арифхикмет Џемаили, кој денеска се појави на распит во СЈО и ги избегна камерите беше министер за култура од ДПА од 2007 до 2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“
Во Специјалното јавно обвинителство одбиваат да кажат зошто денеска кај нив на распит бил повикан и претходникот на Елизабета Канческа – Милевска во Министерството за култура.
И самиот Џемаили ги избегна новинарите и не даде изјава.
Фото: Ѓ.Личовски за СДК.МК
Текстот во целост прочитајте го тука