Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17349

Полицаецот кој казни командир во Охрид на боледување откако му вршеле мобинг

$
0
0

Полицаецот кој казни командир во Охрид заминал на боледување од како врз него се вршел мобинг и психичка тортура од страна на негов претпоставен во сообраќајната Полиција, објави порталот Охрид1 повикувајќи се на свои извори во СВР Охрид.

svr ohrid

Како што дознава порталот тој поднел и пријава до Внатрешна контрола против неговиот претпоставен со која го пријавил за вршење на мобинг.

Од сообраќајниот полицаец се барало да ја смени својата изјава, со што фактички би се обезбедила своевидна амнестија за казнетиот командир, нешто на што тој упорно се спротиставувал.

Три дена по ред на овој сообраќаен полицаец не му се давале работни задачи на терен и бил распоредуван да седи во една канцеларија без никакви работни обврски, притоа постојано барајќи од него да ја смени изјавата.

Во моментов сообраќајниот полицаец е на боледување заради психичка тортура, а Охрид1 испрати прашање до Полицијата дали е поднесена пријава против претпоставениот командир кој барал да се промени изјавата.

Полицаецот и претходно правел спектакуларни акции, апсења, заплени …

Полицаецот кој го казна командирот и порано вршел слични дејствија, а некои од неговите активности се добро познати на јавноста и МВР ги презентира во медиумите со максимална помпа.

Така тој во минатите години во возило на познат градежен бизнисмен од Струга, запленил неколку килограми злато за кое немало документи, а тој го открил и запленил и џипот на Дејвид Бекам, украден во Лондон, и донесен во Дебар, случај кој доби огромен медиумски публицитет.

НИКОГАШ НЕ БИЛ НАГРАДЕН

Полциаецот иако со години открива и прави вакви акции до сега никогаш не бил награден од страна на СВР Охрид.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17349

Trending Articles