Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17458

ФОТО: Миле Јанакиески собира камчиња на плажа во Халкидики

$
0
0

Читател на Либертас ни испрати фотографија на која се гледа Миле Јанакиески (во бела маица) седнат на лежалка на плажа во Халкидки, Грција. Како што вели нашиот читател, поранешниот министер подолго време гледал во песокот и собирал камчиња.

mile janakieski halkidiki2

Инаку политичари од ВМРО-ДПМНЕ, како и медиуми и „експерти“ блиски до нив, често го осудувале одењето во Грција на одмор како „непатриотски“ и „анти-државен“ чин. Сепак, во повеќе наврати досега се појавуваа фотографии на функционери токму на владејачката партија на грчките плажи, како што е случај и со екс-министерот за транспорт и врски.

mile janakieski halkidiki

Инаку, во јуни Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на Јанакиески за случајот „ТНТ“ за рушењето на Космос, како мерка на претпазливост.

Вакво барање имаше и за екс премиерот Никола Груевски, и за градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, но судот не ги одобри ниту овие мерки.

На крајот на јуни се појави информација дека Јанакиески бил одбиен за американска виза. Од Амбасадата на САД не дадоа директен одговор дали ова е точно.

„Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, согласно Претседателскaтa Декларација 7750. Ова дел од одговорот на амбасадата на САД во земјава, на прашањето на 24 Вести дали Јанакиески е одбиен за виза.

„И покрај тоа што не можеме да коментираме поединечни барања за виза, борбата против корупцијата е врвен приоритет за Владата на САД во Македонија и во целиот свет. Согласно Претседателскaтa Декларација 7750, Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери. Ние ги базираме овие одлуки по разгледување различни информации, од голем број извори„ пишуваше во одговорот на амбасадата на САД во земјава.

(фотографиите се обработени за замаглување на ликовите на децата кои се наоѓаат на нив)


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17458

Trending Articles