Ќерката на Велија Рамковски, Емел, денеска излезе од затвор.
„Денес е убав ден – Емел Рамковска конечно на слобода ! Ја одлежа ” машки” политичката казна до последен ден. Честитам на целата храброст и издржливоста која ја покажа. Да бидеш здрава и жива. И ГЛАВАТА ГОРЕ Твоето време допрва доаѓа“, напиша на Фејсбук Сефер Цаноски.
Таа беше осудена во случајот „Пајажина“ во кој беше затворена и тогашната најгледана А1 телевизија.
Сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, беше осуден на 13 годишна затворска казна.