Quantcast
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17431

Судот го одби барањето за притвор за Горан Грујовски во случајот „Трезор“

Одбиена е мерката притвор за еден осомничен во предметот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство, информираат од Основниот суд Скопје 1. Во соопштението е наведено дека судијата на претходна постапка постапувајќи по барањето на СЈО, го отфрла предлогот како неоснован.

Image may be NSFW.
Clik here to view.
osnoven-sud-1-02

Фокус дозна дека притворот е побаран за Горан Грујевски од УБК. Ова не е првпат да биде побаран притвор за Грујевски кој се појавува во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство. За случајот „Тврдина“, му беше определена мерка притвор, но откако одлежа некој ден во Шутка, Судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

Попладнево, пак, Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост на осомничените во случајот „Трезор“.

Обвинителот од СЈО, Артан Ајро надлежен за случајот „Трезор“ рече дека одговор на тоа зошто барале изземање на судијата ќе каже специјалното обвинителство.

Адвокатот на осомничените, Никола Дододовски рече дека не знае и не е надлежен да одговори зошто СЈО бара изземање на судијата.

Инаку, денеска новинарите од пладне чекаа пред судот, но никој не ги види осомничените ниту како влегуваат, ниту како излегуваат од Кривичниот суд. На прашање до адвокатот Додовски дали неговите клиенти биле во судот тој одоговори: Секако.

Мета


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17431