Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска дојде на распит во Основниот суд Скопје 1. Таа во судот влезе од задната врата што ја користат вработените за да ги избегне камерите на медиумите што ја чекаа пред судот,во придружба на адвокатот.
Меѓу осомничените и и актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, која е првоосомничена во случајот за малверзации со тендерот за извршување на градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.
Специјалното јавно обвинителство истражната постпка за случајот ја отвори во четрокот, минатата недела и уште истиот ден, како што соопштија оттаму, побарале од судот на двајца од осомничените да им бидат одредени мерки за претпазливост.
Министерката Канческа – Милевска, веднаш објавувањето на случајот, свика прес-конференција, на која изјави дека работата на сите проекти од „Скопје 2014“ е „чиста како солза“, а обвинувањата на обвинителката Фатиме Фетаи ги оквалификува како „трач муабети“ и „рекла-кажала“.