Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17392

Груевски и Ахмети договараат предизборна коалиција?!

$
0
0

Лидерите на владејачките ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, според извори на Либертас од албанската владејачка партија се пред финален договор на вонредните парламентарни избори на 11 декември прв пат да истрчаат заедно во трка за гласови од електоратот. Тие би изглегле со различни листи, но официјално би објавиле коалиција и би си помагале за време на кампањата.

Gruevski-Ahmeti-4-520x325[1]

Ахмети се одлучил на овој чекор соочен со преполовениот рејтинг и трендот на надолна линија на популарност кај Албанците.

Ахмети, според извори од ДУИ бил многу лут на опозицискиот лидер Зоран Заев што му се замешал во албанскиот електорат, посебно со кооптирањето на популарниот новинар Мухамед Зекири кој најверојатно во изборните листи ќе биде на високото второ место во изборната единица 2.

Изворите велат дека Ахмети отворено побарал да не му го споменуваат името на Заев. Заштитата од продорот на СДСМ во албанскиот електорат ја бара во верниот другар Груевски со кого 10 години се актери на диктатурата и поделбата на тендери.

Впрочем, и во дебатните емисии претставници на ДУИ се во функција на портпароли на отсутните вмровци. Последен ваков пример беше настапот на Бујар Османи завчера на емисијата 24 Анализа кога практично се стави на страната на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов односно се обиде да го релативизира скандалот што тој го направи со сообраќајката и бегството низ скопските улици од полицијата.

ДУИ секогаш кога имало скандали преќутно се ставале на страната на Груевски. Така беше и на договорот во Пржино кога практично со Тачи, според очевидци, биле портпароли и глас повеќе за Груевски.

Сега кога изборниот дебакал на ДУИ на изборите, според анкетите е извесен, лидерот Ахмети за возврат бара помош од Груевски, односно заеднички настап оти нивните анкетите покажувале дека заеднички можат да освојат 6 до 7 пратеници повеќе од опозицијата.

Партијата Беса и симпатиите што ги ужива лидерот на СДСМ, Заев кај Албанците, ја збришале неприкосновената позиција на спасител на Албанците во личноста на некогашниот команданти Али Ахмети, така што договорот со Груевски заеднички да се тркаат е сламката за спас со која Ахмети пресметал дека сепак ќе извојува подобар резултат, односно ќе остане во владата.

Либертас од извори во ДУИ дознава и дека Груевски и Ахмети договориле ВМРО-ДПМНЕ да оди со кампања со фалење на странски инвестиции, нови работни места и нови објекти и план за купување опрема, пред се во здравствените установи, а националната карта, односно односите помеѓу Македонците и Албанците и нападите, пред се кон Заев и СДСМ, да му биде задача на Ахмети и ДУИ.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17392

Trending Articles