Порталот А1он објави фотографии од листите на СДСМ кои ИК ги изгласал, па требаше да одат на одобрување на ЦО, па на крај да се најдат пред делегатите на 21. Конгрес на партијата.
Во првата изборна единица каде што носител е Стево Пендаровски има две добитни места за Шарената револуција. На петттата позиција на листата е Павле Богоевски, а на деветтата позиција е Ивана Туфегџиќ од Студентскиот парламент.
На листата добитни места имаат и Рената Десковска, Дамјан Манчевски и Стефан Богоев. Од коалицијата со добитно место и шесттата позиција на Лилјана Поповска, а Ердоган Сарач е на десеттата позиција.
Во втората изборна единица каде што носител ќе биде Оливер Спасовски, следуваат Фросина Ременски, Мухамед Зекири,Ферид Мухиќ на петтата добитна позиција.
Во третата изборна единица каде што носител е Љупчо Николовски, следуваат Благоја Бочваров и Јагода Шахпаска.
Зад Зоран Заев во четвртата изборна единица е Хари Локвенец и Катерина Кузмановска. Координарот на СДСМ, Сугаревски го нема на листата.
Петта изборна единица ја предводи Радмила Шекеринска, а по неа следува Кирацовски. Таму има добитно емсто и за ПЕИ.
Носител во шестата изборна единица ќе биде партискиот портпарол, Петре Шилегов. За пратенички места во оваа изборна единица ќе се борат и Ѓулумсер Касапи, Благојче Трпески, Даријан Сотировски, Катерина Тодороска и Медат Куртоски.
На листите ги нема Лидија Димова, Софија Куновска, Панче Орцев, ниту Никола Димитров за кого се спомнуваше дека може да биде кандидат на СДСМ.
Фото – А1он