Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

НОВА: Амди Бајрам собира ромски гласови за ВМРО ДПМНЕ во дијаспората, стигнала понуда за коалиција и до Самка

$
0
0

Додека Амди Бајрам во моментов патува низ Европа и собира ромски гласачи за ВМРО-ДПМНЕ, партијата во Скопје се труди да ги собере сите ромски партии во една коалиција, а напомош влетувал дури и премиерот Димитриев, пишува НОВА.

gruevski amdi bajram

ВМРО-ДПМНЕ работи активно на терен за да ги придобијат сите ромски гласови, а еден од методите е обид да ги преземат во нивната коалиција сите ромски партии. НОВАТВ дознава дека за оваа цел одредени претставници на ромските партии биле повикани дури и во владата на средба со премиерот Емил Димитриев.

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР (Партија за целосна еманципација на Ромите) ги потврди овие гласини. Тој за НОВАТВ изјави дека од владата му се јавиле додека бил на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ми се јави секретарката на премиерот додека седев со Заев. Таа само ми рече дека премиерот сака да се сретне со мене, но не ми ја кажа причината. Отидов на закажаната средба со премиерот и тој ми понуди да влезам во нивната коалиција и ми рече дека ќе биде добро сите ромски партии да се обединат на едно место. Ми вети и работни места за Ромите. Но јас не прифатив. Ќе бидам дел од пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица. Претходно, за да ми го најави ова ми се јави и Амди Бајрам кој ми рече дека ќе ме бараат од ВМРО-ДПМНЕ за да бидам дел од нивната коалиција. Исто така, ми рече дека се наоѓа во Белгија каде што собира гласачи за партијата, изјавил Ибраимовски.

Потврда за ова побарале и од Бајрам, кој рекол дека би било убаво сите ромски партии да се обединат и дека е разочаран што Ибраимовски не прифатил да биде дел од „големата ромска коалиција“.

– Јас моментално сум во Брисел, но за партијата работам во цела Европа и не работам сам, работиме 40 луѓе. Има 2.700 гласачи Роми пријавени за гласање. Многу сакав да се споиме со Самка, тој не ми е непријател. Мислам дека подобро за Ромите ќе биде ако сите партии се обединиме и морам да ви кажам дека сум разочаран што тој не прифати, затоа што неговата иднина е со нас. Јас му мислам само добро на Ибраимовски – одговорил Бајрам.

Извори од ромската заедница во Брисел за НОВАТВ велат дека Бајрам активно лобира во Белгија и Германија, особено во Брисел и Дизелдорф каде има многу Роми. Бајрам оранизира екипи свои луѓе. Кои одат од врата на врата, бараат копии на личните карти на Ромите. Прво ветуваат работни места за нивните семејства во Македонија во манирот “јас ќе ти завршам работа”, делат пари а потоа, ако не им се одговори позитивно, се закануваат, вели нашиот извор кој не сакаше да биде именуван. Им се ветува и легализација на дивоградби во Шутка, вели изворот за НОВАТВ во Брисел.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles