Продолжува трендот на поднесување листи со кандидати со имиња слични или исти на тие на СДСМ од страна на СДПМ, партија која не е активна, освен кога се поднесуваат листи за избори и треба да се збунат гласачите.
ИПортал ја објави листата на кандидати предложена од СДПМ на Бранко Јаневски за третата изборна единица поднесена доцна вечерва.
Тие за носител имаат поставено лице со исто име и презиме со носителот на листата во истата изборна единица на СДСМ, односно со Љупчо Николовски, актуелниот дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Претходно, на листите беа предложувани имиња како Зоран Зашев, Рада Шекерова, Јанис Макрис, Игор Ивановски, Петре Петров, Марјанчо Наков и другите…
Либертас во април објави дека активисти на владејачката ВМРО-ДПМНЕ собираат потписи и доставуваат лични карти за пререгистрација на Социјалдемократската партија (СДПМ) на Бранко Јаневски.
Според нашите сознанија, власта заборавила да ја пререгистрира „џокер-партијата“, па го правела тоа итно за да биде спремна доколку е потребно да истрча како дел од алтернативната опозиција за планираните избори на 5 јуни кои подоцна се одложија.