Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17511

За најголемото предавство                                   

$
0
0

Почитувани, сите сме биле следени. Зар постои поголемо предавство од тоа масовно да ги прислушувате граѓаните во Република Македонија. Да ги прислушувате масовно своите сопартијци, другари, пријатели и повторно да излезете да ги барате нивните гласови без никаков срам.  Тоа доволно говори со кого си имаме работа. Но тоа со кого си имаме работа ќе го решиме на 11 декември, но како ќе го решиме овој голем срам за Република Македонија. Ова е и голем срам и удар за ВМРО-ДПМНЕ. Срам за секој член и симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. Да бидам искрен и јас се срамам,  иако сите знаевме кој прислушкувал, но кога тоа ќе го потврди официјална институција како СЈО, на која и верувам, тогаш работите се премногу сериозни. Мислам дека овој случај по својата обемност и габаритност ќе се проучува во историјата, како најголем скандал на сите времиња.

image-0-02-01-391c2db6339f2c7a35841841343efccedef959a67c8482124807e59db3614c8a-V

Па сега да ги прашам нешто вмровците. Абе со кое лице ќе разговараме сега и за УДБА и за КОС, и за слични други работи кога ги надминавме нив за сто пати. Па заедно да ги собереме сите материјали од УДБА за сите педесет години од социјализмот не претставуваат ни два процента од ова масовно прислушкување за кое говореше СЈО, а кое го правеле нашите служби во периодот од 2008-2016, па и понатаму. Срамота. Предавство. Предлагам веќе да молчиме за УДБА и да престанеме да го манипулираме овој народ зошто мали деца биле за нас удбашите. Затоа што сите сме биле следени.

Но толку за ова. Се надевам дека СЈО и институциите во државата ќе ја истераат оваа работа до крај и ќе имаме една правна разрешница по ова прашање.

Но како стојат да видиме работите, една недела по почетокот на изборната кампања.

Ако по утрото денот се познава не предвидувам дека ќе имаме фер и слободни избори. Од она што го гледам околу организирањето на митинзите на владеачките партии претставува вистинска тортура на населението.Повторно закани, повторно списоци, злоупотреби кон населението, не знам зошто не реагираат меѓународните бројни набљудувачи на овие избори. Ова не личи на демократска амбиент за одржување на избори. Затоа не е значаен само денот на изборите туку и целокупната предизборна кампања. Владеачките партии го губат тлото под нозете и веќе не знаат што прават. Повторно масовен притисок на администрацијата, повторно силни ветувања и злоупотреба на државни ресурси во изборни цели, и многу други веќе видени работи. Она ад хок тело за следење на медиумите во предизборието некако доцни со своите реакции и повторно гледаме на провладините медиуми една канонада од текстови со манипулации и спинови секогаш еднонасочни. Постојано директни преноси од митинзите на владеачките партии. Но сето ова на крајот нема да биде важно. Ова го знаевме.

Оваа битка нема да биде ниту фер ниту демократска. Но ќе победиме и покрај сите опструкции кои ни ги прават. Бидете уверени во тоа. Јас сум уверен и го кажувам ова поради целокупното расположение кое го гледам кај народот, а кое е доминантно опозиционо. Проста математика ако направите разликата која ќе ја направи опозицијата во првата, петтата и шестата изборна единица ќе биде доволно за победа. Во втората и четвртата изборна единица ќе се води голема битка со приближно изедначени резултати, каде што постои голема веројатност да се победи во втората изборна единица. Според анализите само во третата изборна единица владеачката партија би имала околу два пратеника повеќе. Ова се сериозни анализи кои повеќето ги знаат, и затоа велам не се плашете оваа диктатура ќе падне.

Во Коалицијата за промени и правда ја почнавме оваа битка со слоганот ,, Не се плашете режимот ќе падне,,. Многу било малку останало, како што вели народот. Ја претставивме нашата програма во која се наведени конкретни предлози како да решиме одреден број на важни животни прашања кои ги мачат нашите граѓани.  Сакаме да ги охрабриме граѓаните дека може слободно да излезат на 11 декември, масовно да гласаат и да ги поддржат промените во Република Македонија. Никој нема можност да дознае за кого ќе гласате бидете сигурни во тоа. Едноставно не постои можност. Не постојат ниту камери во пенкалата на гласачките места, ниту броеви на избирачките ливчиња, сето тоа е манипулација на гласачите која ја прават владеачките партии. Точно е дека постои огромен притисок и огромни финансиски средства се фрлаат за корупција на населението во сите краеви низ цела држава ама тоа нема да им успее. Слободата и правдата ќе победат.

Ова го кажувам од мое име, од името на оваа коалиција, како и од името на сите оние кои учествуваат во демонтирање на оваа диктатура за која ќе зборуваат многу генерации Македонци после нас. Затоа храбро, не се плашете, режимот ќе падне.

М-р Глигор Стоименов  

 

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17511

Trending Articles