До редакцијата на Либертас пристигна принтскрин од порака која денеска ја добивале вработени во администрацијата од Крива Паланка а на кои, според текстот, им се бара најдоцна до утре (30 ноември) на жиро сметката на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените избори да донираат 50% од својата плата или надоместок, а потврдата да ја однесат во штаб.
Либертас единствено успеа да потврди дека посочената сметка навистина е на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите, но не и дали пораката која ја добивме е автентична.